Миломир Крстевски

Миломир Милчев Крстевски ( 1919 во Кучково, Скопско24 април 1945 во Срем, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од селско и сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, па се занимавал со земјоделство, но поради слабите приходи работел како рудар во Радуша. На 9 септември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со истата единица учествувал во борбите за уништување на балистичките банди околу Кучково, кај реката Треска, за ослободувањето на Велес, а на 13 ноември 1944 година и за ослободувањето на Скопје. Потоа продолжил со Бригадата на Косово за да земе учество во дефинитивното ликвидирање на балистичките банди. Во Срем стигнал како командир на чета, со која се нашол на истурените позиции во пробивот на Сремскиот фронт. На 24 април 1945 година во една од битките, храбро загинал.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 81–82. На |first= му недостасува |last= (help)