Мигелн
Мигелн (германски: Mügeln) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 9 километри југозападно од Ошац и 14 километри северозападно од Дебелн.
Мигелн | |
Плоштадот во Мигелн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Северна Саксонија |
Градоначалник | Готхард Дојзе (СлДП) |
Основни податоци | |
Површина | 54,95 км2 |
Надм. височина | 157 м |
Население | 5.792 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 105 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TDO |
Пошт. бр. | 04769 |
Повик. бр. | 034362 |
Портал | www.stadt-muegeln.de |
Местоположба на градот Мигелн во рамките на округот Северна Саксонија | |
Координати | 51°14′0″N 13°3′0″E / 51.23333° СГШ; 13.05000° ИГД |
Географија
уредиМигелн се наоѓа на скоро иста оддалеченост од Лајпциг и Дрезден, по 50 километри од секој град. Мигелн не се наоѓа директно на некоја поважна сообраќајница, но 10 километри јужно од Мигелн постои пристап на автопатот А14 и 10 километри на север се наоѓа пристап до сојузниот автопат Б6, близу до Ошац. Најблиската железничка станица се наоѓа во Ошац.
Историја
уредиПрвите историски докази за Мигелн се пронајдени во документ од 984 година. Населението тогаш било главно сочинето од Лужички Срби. Во 1064, Мигелн паднал во власта на бискупијата Мајсен и во 1256, Мигелн ги добил правата за одржување пазар.
- 1261: Замокот Руетал (Schloss Ruhethal) бил изграден.
- 1325: Лужичкиот јазик бил забранет.
- 1429: Уништување на Мигелн од Хуситите.
- 1542: Првата протестантска служба била одржана во Мигелн.
- 1561: Бискупот Јохан Деветти од Мајсен и од Хаугвиц му го доделил правото на градот за придружба.
- 1581: Бискупот Јохан Деветти, последниот католички бискуп од Мајсен преминал во протестанство. Тој живеел во Мигелн и го добил замокот Руетал и поранешниот манастир Мариентал во Зорнциг на доживотна употреба.
- 1618-1648: Во текот на Триесетгодишната војна, Мигелн бил уништен од шведските трупи и поголемиот дел од жителите изумреле од епидемијата на чума. Само 67 жители од околу 700 преживеале.
- 1735: Градските права биле проширени; добил повисоки и наследни судови (Ober- und Erbgerichte) со указ на изборниот кнез (kurfürstliches Amt).
- 1834: Последната градска порта била отстранета.
- 1875: Мигелн бил приклучен кон административниот округ Ошац (Amtshauptmannschaft Oschatz).
- 1884: Била отворена железницата со тесен колосек, која го поврзала Мигелн со Дебелн, Ошац и Вермсдорф.
- 1945: Во април градот бил окупиран со советски трупи.
- 1968 - 1975: Пругата со тесен колосек постепено била затворана. Најпрвин, сите делови помеѓу Мигелн и Дебелн, потоа делот помеѓу Мигелн и Вермсдорф. (Од 1975 до 1995, преостанатиот дел бил користен единствено за превоз на добра.)
- 1994: Во текот на преструктурирањето на округот, Мигелн бил приклучен кон округот Торгау-Ошац, иако поголемиот дел од граѓаните гласале за округот Дебелн.
- 1995: Патничкиот сообраќај на железницата со тесен колосек на делот Мигелн-Ошац повторно е ставен во функција.
Знаменитости
уреди- Замок Руетал (Schloss Ruhethal)
- Железничка линија со тесен колосек низ Мигелн (Wilder Robert)
- Споменик на Хајнрих фон Мигелн на стариот плоштад Јоаким Цеме (2005)
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Мигелн на Ризницата ?
- Официјална страница на градот (германски)