Меѓународен конгресен и изложбен центар „Љутфи Кидар“ - Истанбул
Меѓународниот конгресен и изложбен центар „Лутфи Кидар“ или скратено ICEC (турски: İstanbul Lütfi Kırdar Uluslararası Kongre ve Sergi Sarayı) — повеќенаменски конгресен комплекс кој се наоѓа во населбата Харбије во округот Шишли во Истанбул, Турција.
Меѓународен конгресен и изложбен центар „Лутфи Кидар“ | |
---|---|
İstanbul Lütfi Kırdar Uluslararası Kongre ve Sergi Sarayı | |
Главната зграда на ICEC. | |
Поранешни називи | Истанбулска спортска и изложбена сала |
Istanbul Lütfi Kırdar ICEC | |
Општи податоци | |
Место | Харбије, Шишли |
Адреса | ул. „Ѓумуш“ бр. 4 |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Координати | 41°02′52″N 28°59′22″E / 41.04778° СГШ; 28.98944° ИГД |
Темелот удрен | 30 јануари 1948 |
Отворена | јуни 3, 1949 |
Сопственик | Истанбул |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Паоло Виети-Виоли, Шинаси Шахингирај и Фазил Ајсу |
Портал | |
icec.org |
Меѓународниот конгресен и изложбен центар е донаќин на Саемот и изложбен центар „Румели“, важни конвенции, саеми, концерти, изложби, како и социјални и културни настани[1][2].
Историја
уредиПо исклучителниот успех на турските спортски борачи постигнати на Европското првенство во борење во 1947 година и на Лондонската Олимпијада во 1948 година, било одлучено да се одржи следното Европско првенство во 1949 година во Истанбул. Меѓутоа, градот немал место за спорт во затворен простор соодветно за овој настан. Италијанскиот архитект Паоло Виети-Виоли (1882-1965) и турскиот архитект Шинаси Шахингирај и Фазил Ајсу, кој го дизајнирал и стадионот Долмабахче во 1939 година, го подготвил проектот[3].
На 30 јануари 1948 година, во присуство на гувернерот на градот и градоначалникот Лутфи Кидар (1887-1961), се одржала изградбата на Истанбулската сала за спорт и изложба. Кирдар го одбил предлогот на претседателот на Истанбулската федерација за фудбал и спортисти, направен за време на церемонијата, дека зградата ќе биде именувана по него, со образложение дека е неетичко додека сè уште е жив и на власт[3].
Веднаш по завршувањето на изградбата, објектот бил отворен на 3 јуни 1949 година за да биде домаќин на Европското првенство во борење. Следниот настан кој се одржал бил Истанбулскиот саем за меѓународна трговија и индустрија на 2 октомври 1949 година[3].
Во големата сала на центарот со седиште од 7.000 луѓе, се одржале многу различни национални и меѓународни спортски настани, во кошарка, ракомет, одбојка, бокс, кревање тегови, борење, уметничко лизгање, хокеј, како и циркус. Останувајќи ја единствената спортска сала и изложбена сала во земјата за многу години, таа била домаќин на саеми, концерти, состаноци и изложби со искористување на другите сали по потреба[3].
На 17 февруари 1988 година салата била именувана во чест на Лутфи Кидар на неговата 27-годишнина. Во 1996 година, салата била трансформирана во конгресен центар за одржување на Хабитат II, Втора конференција на Обединетите нации за човечки населби, и била преименувана потоа во Меѓународен конгресен и изложбен центар[3].
За да се одговори на зголемената побарувачка во секторот, местото било проширено со нова зграда во 2000 година, наречена Саемски и изложбен центар „Румели“[3].
Во 2009 година објектот бил проширен за одржување на годишниот состанок на ММФ и Светска банка за 2009 година со девет нивоа подземна структура од 120.000 м2[4].
Објекти
уредиЦентарот Љутфи Кидар како главна зграда на комплексот се состои од аудиториум Анадолу со капацитет за седење од 2.000 луѓе, салата Мармара, две сали Топкапи, три сали Долмабахче, сала Галата, сала Халиџ, три соби за состаноци Султан, три соби за состаноци Барбарос, четири сали за состаноци Левент и ВИП соби[5].
Центарот Румели нуди простор од 7.000 м2 како најпосакувана сала за танц во централниот град. Горното ниво има површина 2.100 м2 и може да се дели на четири независни простори од 1.900 м2[5].
Ресторанот со традиција, ресторанот Богазичи Борса, кој е отворен седум дена во неделата и способен да прими 250 гости, се наоѓа во центарот на Љутфи Кидар[6].
Зградата е поврзана со премин кон Истанбулскиот конгресен центар и театарот Харбије Мухсин Ертугрул преку улицата, која е затворена за сообраќај. Во овој комплекс е достапен паркинг со капацитет од 1.000 возила[7].
Наводи
уреди- ↑ „8. Contemporary İstanbul açıldı“. Hürriyet (турски). 2013-11-07. Посетено на 2013-12-08.
- ↑ Demirel, İdil (2013-11-30). „Sabah kalkıp 'modacı olayım bari' denmez!“. Sabah (турски). Посетено на 2013-12-08.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „History“. ICEC. Архивирано од изворникот на 2015-02-08. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ Pekoğlu, Burak. „Lütfi Kırdar Uluslararası Kongre & Sergi Sarayı“. Istanbul Design Guide. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ 5,0 5,1 „Halls“. ICEC. Архивирано од изворникот на 2016-10-23. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ „Restaurant“. ICEC. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ Ay, Hasan. „İşte yeni Muhsin Ertuğrul Sahnesi“. Hürriyet (турски). Посетено на 2013-12-09.