Месен Лист
Месен Лист — блиско вонгалактичко подрачје каде Млечниот Пат, припадниците на Месната Група и други галаксии делат слична особена брзина.[2] Ова подрачје се наоѓа во полупречник од околу 7 Мпс (23 Мсг),[3] и има дебелина од 0,46 Мпс (1,5 Мсг).[1] Галаксиите подалеку од тоа подрачје имаат изразено различни брзини.[3] Месната Група има само релативно мала особена брзина од 66 км⋅с−1 во однос на Месниот Лист. Типичната брзинска распределба на галаксиите изнесува само 40 км⋅с−1 во полупречничка насока.[2] Речиси сите недалечни сјајни галаксии му припаѓаат на Месниот Лист.[1] Тој е дел од Месната Зафатнина и е сместен во суперјатото Девица (Месно Суперјато).[4] Месниот Лист образува ѕид од галаксии кој исцртува една граница на Месната Шуплина.[5]
Месен Лист | |
---|---|
Податоци од набљудување (епоха ) | |
Најсјаен член | Месна Група |
Голема полуоска | 17 Мсг (5 Мпс) [1] |
Мала полуоска | 1,5 Мсг (0,5 Мпс) [1] |
Црвено поместување | 0.00 |
Оддалеченост (сопатна) | 0 Мсг (0 Мпс) |
Значителна составница на средната брзина на галаксиите во Месниот Лист е производ на гравитациското привлекување на галактичкото јато Девица, што прави особено движење од ~185 км⋅с−1 кон јатото.[2] Втора составница е насочена вон средиштето на Месната Шуплина — просторно подрачје сиромашно со галаксии кое се шири и има тековна големина од 45 Мпс (150 Мсг).[3] Оваа составница има брзина од 259 км⋅с−1.[2] Месниот Лист е наклонет 8° од Месно Суперјато (Девица).[4]
Таканаречениот Совет на Џинови е прстен од дванаесет големи галаксии кои ја обиколуваат Месната Група во Месниот Лист и има полупречник од 3,75 Мпс (12,2 Мсг).[4] Десет од нив се спирални, а останатите две се елиптични. Елиптичните (Мафеи 1 и Кентаур A) се наоѓаат на спротивните страни од Месната Група.
Ознака | Име | Соѕвездие | Оддалеченост (Мсг) | Ѕвездена маса * |
---|---|---|---|---|
NGC 253 | Вајар | Вајар | 11 | 10,805 |
PGC 9892 | Мафеи 1 | Касиопеја | 11 | 10,928 |
PGC 10217 | Мафеи 2 | Касиопеја | 11 | 10,493 |
IC 342 | Колдвел 5 | Жирафа | 11 | 10,302 |
NGC 3031 | M 81 | Голема Мечка | 12 | 10,905 |
NGC 3034 | M 82 | Голема Мечка | 11 | 10,573 |
NGC 4736 | M 94 | Ловечки Кучиња | 15 | 10,458 |
NGC 4826 | M 64 | Береникина Коса | 16 | 10,496 |
NGC 5236 | M 83 | Водна Змија | 16 | 10,642 |
NGC 5128 | Кентаур A | Кентаур | 11 | 11,169 |
NGC 4945 | Колдвел 83 | Кентаур | 12 | 10,528 |
ESO 97-G13 | Шестар | Шестар | 14 | 10,559 |
* Масата е наведена како логаритам на масата во сончеви маси.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Milky Way amidst a 'Council of Giants'“. Science Daily. 11 март 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Tully, R. Brent; Shaya, Edward J.; Karachentsev, Igor D.; Courtois, Hélène M.; Kocevski, Dale D.; Rizzi, Luca; Peel, Alan (март 2008). „Our Peculiar Motion Away from the Local Void“. The Astrophysical Journal. 676 (1): 184–205. arXiv:0705.4139. Bibcode:2008ApJ...676..184T. doi:10.1086/527428. S2CID 14738309.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Tully, R. Brent (мај 2008), „The Local Void is Really Empty“, Dark Galaxies and Lost Baryons, Proceedings of the International Astronomical Union, IAU Symposium, 244, стр. 146–151, arXiv:0708.0864, Bibcode:2008IAUS..244..146T, doi:10.1017/S1743921307013932, S2CID 119643726
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 McCall, Marshall L. (29 април 2013). „A Council of Giants“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (објав. 10 март 2014). 440 (1): 405–426. arXiv:1403.3667. Bibcode:2014MNRAS.440..405M. doi:10.1093/mnras/stu199.
- ↑ Shaya, Ed J.; Tully, R. Brent (декември 2013). „The Formation of the Local Group Planes of Galaxies“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Oxford University Press. Royal Astronomical Society. 436 (3): 2096–2119. arXiv:1307.4297. Bibcode:2013MNRAS.436.2096S. doi:10.1093/mnras/stt1714.CS1-одржување: користи параметар authors (link)