Шестар (галаксија)
Шестар (ESO 97-G13) — Сејфертова галаксија[2] во соѕвездието Шестар. Сместена е 4 степени под галактичката рамнина, на оддалеченост од 4,0 Мпс (13 Мсг). Се вбројува меѓу најблиските поважни галаксии до Млечниот Пат.[3] Галаксијата претрпува бурни промени и веројатно исфрла гасовити прстени. Најнадворешниот прстен има пречник од 1400 светлосни години, а највнатрешниот има 260. Иако може да се види со мал телескоп, галаксијата за првпат е забележана дури во 1977 г.[4] бидејќи лежи близу до рамнината на Млечниот Пат, прикриена од галактичка прашина. Шестар е Сејфертова галаксија од типот II и е една од најблиските познати активни галаксии до Млечниот Пат, иако веројатно е малку подалеку од Кентаур A.
Шестар | |
---|---|
Галаксијата сликана од вселенскиот телескоп „Хабл“ | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Шестар |
Ректасцензија | 14ч 13м [1] | 9,9с
Деклинација | −65° 20′ [1] | 21″
Црв. помест. | 426 ± 25 км/с |
Оддалеченост | 4,0 Мпс (13 Мсг) |
Привидна величина (V) | 12,1[1] |
Особености | |
Тип | SA(s)b[1] |
Привидна големина (V) | 6′,9 × 3′,0[1] |
Други ознаки | |
ESO 97-G13,[1] LEDA 50779 |
Галаксијата ја произвела суперновата SN 1996cr, утврдена една деценија по нејзината експлозија. Првпат е забележана во 2001 г. како сјајно променливо тело на слика од вселенскиот рендгенски телескоп „Чандра“, но потврдена како супернова неколку години подоцна.
Шеста е една од дванаесетте големи галаксии наречени „совет на џинови“ кои ја опкружуваат Месната Група во Месниот Лист.[5]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for ESO 97-13. Посетено на 2007-04-20.
- ↑ „NAME Circinus Galaxy“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ Maiolino, R.; Krabbe, A.; Thatte, N.; Genzel, R. (1998). „Seyfert Activity and Nuclear Star Formation in the Circinus Galaxy“. The Astrophysical Journal. 493 (2): 650–65. arXiv:astro-ph/9709091. Bibcode:1998ApJ...493..650M. doi:10.1086/305150.
- ↑ Inglis, Mike (2004). Astronomy of the Milky Way: Observer's Guide to the Southern Sky. New York, New York: Springer. стр. 31. ISBN 978-1-85233-742-1.
- ↑ McCall, Marshall L. (29 April 2013). „A Council of Giants“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (објав. 10 March 2014). 440 (1): 405–426. arXiv:1403.3667. Bibcode:2014MNRAS.440..405M. doi:10.1093/mnras/stu199.
Надворешни врски
уреди- Шестар (галаксија) на Ризницата ?
- Опсерваторијата „Чандра X“ испитува мали и големи црни дупки во блиска галаксија (англиски)
- Слика и информации од Европската вселенска агенција (англиски)
- Астрономска слика на денот: Галаксијата Шестар (4 декември 2000 г.)
Координати: 14ч 13м 9,9с, − 65° 20′ 21″