Мерле Јајагер (родена на 19 октомври 1965) е естонска телевизиска, сценска и филмска актерка, поетеса и авторка која често објавува под псевдонимот Мерка. Првично поврзана со растечката естонска панк рок сцена од раните 1980-ти, таа била опишана како „бардот на протестот“. Нејзината кариера како актерка започнала во нејзините рани 20-ти години и таа има добиено голем број награди од висок профил за сценски улоги.

Мерле Јајагер
Роден(а)19 октомври 1965(1965-10-19)(59 г.)
Талин, Естонија
НационалностЕстонка
Занимањеглумица, поетеса, писателка
Деца1

Ран живот и образование

уреди

Мерл Јајагер била родена и израсната во Талин, каде што посетувала основно училиште, а потоа ги посетувала Талинското средно училиште, Талиснкото 46-то средно училиште и Средното училиште за наука во Талин.[1] Нејзиниот татко бил железнички работник, а мајка ѝ била сметководителка.[2] По завршувањето на средното училиште во 1983 година, Јајагер студирала глума и театар на Државниот конзерваториум во Талин (денес Естонската академија за музика и театар) под инструкции на театарскиот педагог Каљу Комисаров, дипломирајќи во 1988 година.[3] Меѓу нејзините соученици кои дипломирале биле глумците Елмо Њуганен, Пирет Калда, Дајан Ахмет, Кјули Палмсаар, Раиво Е. Там, Рајн Симул и Ен Реман.[4]

Кариера

уреди

Глума

уреди

По дипломирањето на Државниот конзерваториум во Талин, Јајагер била ангажирана како сценска актерка во Ванемуинскиот театар во Тарту од 1988 година, со неколку интервали. Дипломските улоги на Јајагер биле како принцот Хамлет во Хамлет на Вилијам Шекспир во 1987 година, изведен во манастирот Света Катерина во Талин и како Олга Сергеевна Прозорова во Трите сестри на Антон Чехов, изведена во театарот Угала во Вилјанди во 1988 година. Нејзините први две улоги како актерка ангажирана во Ванемуинскиот театар биле како Фиренца во изведбата на драмата „Стапица за осамен човек“ од Роберт Томас од 1964 година, и како Лејди Мекдаф во продукцијата на „Мекбет“ од Вилијам Шекспир, и двете изведени во 1988 година.[3] За време на нејзината кариера во Ванемуинскиот театар, Јајагер се појавила во улоги како дел од продукции на различни меѓународни автори и драматурзи како што се: Јохан Волфганг фон Гете, Оскар Вајлд, Рене Хајвеј, Витолд Гомбрович, Жан Ануј, Билјана Србљановиќ, Шарлот Џоунс, Том Стодард, Артур Милер, Алгот Унтола, Едвард Олби, К.С. Луис, Џул Стајн, Били Рош, Јодон фон Хорват, Брајан Фрил, браќата Шерман, Тим Фирт, Антон Чехов, Роберт Џејмс Волер, Ингмар Бергман, Велма Валис, Кандер и Еб, Џон Пристли и Реј Куни. Меѓу нејзините понезаборавни изведби во Ванемуинскиот театар во улоги на естонски драматурзи и автори се оние на: Каукси Уле, Едвард Вилде, Оскар Луц, Илмар Кјулвет, Бернард Кангро, Кати Ватман, Мадис Кијв, Андрус Кивирјахк, Андра Тид и Меелис Фридентал.[3]

 
Јајагер во 2008 година.

Од 2006 година, Јајагер настапувала и како сценска актерка во хумористични летни продукции во Хансаховскиот театар во Тарту. Таа, исто така, напишала две драми, Саун и Колхос, кои биле изведени во театарот во 2008 и 2009 година, соодветно, со Јејгер како дел од актерската екипа.[5] Таа настапувала, пишувала и режирала со колективот на театарот „Таарка Херитиџ“, аматерска театарска група основана со цел да ја промовира и зачува културата и идентитетот на Сето.[6]

Мерле Јајагер се појавила и во голем број телевизиски улоги. Нејзината прва значајна улога била Хилда во дводелниот драмски филм Soo на Eesti Televisioon (ETV) во 1992 година, кој бил базиран врз истоимениот роман од 1914 година (оригинално насловен Kirjutatud on…) од Оскар Лутс.[7] Во 2009 година, таа се појавила како Мија во шест епизоди од серијата Келгукоерад од Канал 2. Таа, исто така, се има појавено во неколку други естонски телевизиски серии, вклучувајќи ги: Kättemaksukontor во 2013 година, Padjaklubi во 2014 година и Viimane võmm и Restart во 2015 година.[2]

Во 1988 година, Јајагер го направила своето филмско деби во мала улога во краткиот филм „Noid“ во режија на Ело Таст и снимен од Мати Унт. Нејзината прва значајна улога во долгометражен филм била улогата на Лембала, сопруга на естонскиот поглавар Лембиту од 13-тиот век (наспроти актерот Аин Мјаотс), и во историската комедија Малев во режија на Карен Каер од 2005 година. Потоа следела улогата на наставник по историја во драмата Klass од 2007 година, во режија на Илмар Рааг. Филмот освоил неколку меѓународни награди и бил официјалната номинација на Естонија во категоријата за најдобар странски филм на 80-тото доделување на Оскарите.[8] Исто така, во 2007 година, таа се појавила како Мајка во семејниот драмски филм Магнус во режија на Кадри Кузаар. Во 2011 година, таа се појавила во драмата Üks mu sõber во режија на Март Кивастик, наспроти актерот Арне Укскула. Други улоги во долгометражни филмови имала во Õnn tuleb magades во 2016 година, Rohelised kassid во 2017 година и Klassikokkutulek 2: Pulmad ja matused - продолжение од 2018 година на комедијата Klassikok во режија на Рене Вилбре од 2016 година.[9] Во 2019 година, таа се појави во улогата на Хилана Таарка, сето фолк-пејачка од почетокот на 20-ти век во историската комедија Johannes Pääsukese tõeline elu во режија на Харди Волмер.[10]

Јајагер се има појавено во голем број студентски филмови и кратки филмови, вклучувајќи и во улогата на Ева во популарната комедија од 2006 година во режија на Расмус Мериво, Tulnukas ehk Valdise pääsmine 11 osas, наспроти глумците Март Аванди, От Сеп, Вало Кирс и Уку Усберг.[11] Таа е член на Естонскиот театарски сојуз од 1990 година и член на Естонскиот сојуз на актери од 1993 година.[2]

Поезија

уреди
 
Мерл Јајагер на Денот на Кралството Сето во август 2011 г.

Од 1986 година, Мерле Јајагер има објавено повеќе стихозбирки, користејќи го псевдонимот Мерка. Таа била инспирирана од панк рок музичката сцена чија популарност достигнала врв во земјата во раните 1980-ти години се до средината на 1980-тите, кога Естонската Советска Социјалистичка Република сè уште била директно подредена на Владата на Советскиот Сојуз.[12] Отворена, директна и честопати конфронтирачка во нејзините дела (особено во пораните дела), таа станала вид enfant terrible и била опишана како бунтовничка и „бард на протестот“.[13] Во 1988 година, таа соработувала со Тину Трубецки, пејач на панк рок групата Венасконд, на две песни кои биле вклучени во неговата стихозбирка Пого, издадена од Ести Рамат.[14]

Во 1988 година, Јајагер била најмладиот од дваесет и четирите основачки членови на естонската културна и литературна група Велесто. Групата вклучувала повеќе значајни интелектуалци како Мадис Кијв, Маиму Берг, Мати Хинт, Свен Грунберг, Дорис Карева, Рајн Крус, Томас Лиив, Ивар Иваск, Томас Раудам, Хасо Крул, Линарт Мјал, Јаан Ундуск, Халјанд Удам, Олев Ремсу, Мати Сиркел, Улев Алое и идниот четврти претседател на Естонија - Томас Хендрик Илвес.[15][16] Во 2000 година, таа стана членка на Естонскиот сојуз на пиЛАсатели.[2]

Политика

уреди

Мерле Јајагер е член на Градскиот совет на Тарту и служи во Комитетот за култура на советот, како дел од партијата Pro Patria и Res Publica Union и на Естонската слободна партија.[17][18] Јајагер, исто така, неуспешно се кандидирала за изборите за Европскиот парламент во Естонија во 2014 година со билетот за Партијата за независност на Естонија, добивајќи 178 гласа.[19]

Личен живот

уреди

Мерле Јајагер има една ќерка од бракот кој завршил со развод. Таа тековно е во долгогодишна врска со сценскиот менаџер Имре Томеокс. Семејството живее на фарма во Обиница во округот Виру.[20][21][22]

Таа служела во естонските одбранбени сили и е член на Академската единица на Одбранбената лига во Тарту.[23]

Творештво

уреди
Стихозбирки
  • Merca by air mail: Ameerika valimik (1989) [24]
  • MercAmerka: teine Ameerika-valimik (1989) [25]
  • Vana libu hommik (1998) [26]
  • Hele häärber (2005) [27]
  • Narrivile (2007) [28]
  • Pühä päiv (2013) [29]
  • Iseqnn (2020) [29]
Романи
Проза
Детска литература
  • Mullivesi (2009)[29]

Признанија

уреди
  • Наградата Волдемар Пансо (1988)
  • Награда за драма '96 (1996)
  • Ants Lauter Award [et] (1997)
  • Награда на Естонскиот театарски сојуз (најдобра актерка) (1998)
  • Награда за драма '99 (најдобра актерка) (1999)
  • Награда за детска поезија Карл Едуард Сјот (2009) [29]
  • Награда на Естонскиот театарски сојуз (најдобра споредна женска улога) (2014) [3]

Наводи

уреди
  1. Tartu Postimees. Näitleja Merle Jääger elab nii nagu meeldib. 4 July 2002. Retrieved 22 April 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Eesti Entsüklopeedia. Jääger, Merle. Retrieved 22 April 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Vanemuine. Merle Jääger. Draamanäitleja; Vanemuise Teatris Aastast 1988. Retrieved 22 April 2018.
  4. Miksike Архивирано на 6 јануари 2010 г.. Merle Jääger. Retrieved 22 April 2018.
  5. Hansahoovi Teater Архивирано на 2 февруари 2019 г.. Productions. Retrieved 23 April 2018.
  6. Sirp ja Vasar. Kuidas müüa Eesti ajalugu? Kas nagu setusid? 11 August 2012. Retrieved 23 April 2018.
  7. arhiiv.err.ee Soo. Retrieved 23 April 2018.
  8. Eurochannel The Class, the movie - Ilmar Raag - Estonia. Retrieved 23 April 2018.
  9. Märjamaa Rahvamaja Архивирано на 23 јуни 2018 г. Klassikokkutulek 2: Pulmad ja matused. 9 January 2018. Retrieved 25 April 2018.
  10. Kopli Kinokompanii Johannes Pääsukese tõeline elu 2019. Retrieved 3 February 2019.
  11. Eesti Ekspress Tulnukas" - Eesti kõige ropum film? 21 May 2016. Retrieved 23 April 2018.
  12. Sakala Postimees Merca: hämamine on masendav ja punk. 7 November 2012. Retrieved 25 April 2018.
  13. Cummins, Walter. Shifting Borders: East European Poetries of the Eighties. Fairleigh Dickinson Univ Prress, 1993. 33–34. ISBN 0-83-863497-4.
  14. Vanaraamat Pogo". Retrieved 25 April 2018.
  15. President.ee "Ilves: "Saame paremaks!", Vabariigi Presidendi intervjuu ajakirjale "Elukiri" veebruaris 2008. 8 February 2008. Retrieved 25 April 2018.
  16. Sirp ja Vasar. Kirjandusrühmitus Wellesto 21 aastat tagasi. 14 August 2009.
  17. Postimees Merle Jääger kandideerib Tartus VIKi nimekirjas. 24 August 2013.
  18. delfi.ee Архивирано на 23 јуни 2018 г. Riigikogu valimistulemused. 6 March 2011.
  19. Euroopa Parlamendi valimised Võrdlusarvu alusel jagatud mandaadid. Retrieved 25 April 2018.
  20. publik.delfi.ee Värskes ajakirjas Naised! Merle Jääger elab kummitavas majas: ta oleks justkui oodanud meid. 8 October 2015. Retrieved 25 April 2018.
  21. publik.delfi.ee. TOP 10: Suudlused, kallistused ja meelitused ehk lembehetked presidendi vastuvõtult . 22 February 2016. Retrieved 25 April 2018.
  22. Õhtuleht Архивирано на 26 април 2018 г. Merle Jääger andis Seto talule uue elu! 22 July 2017. Retrieved 25 April 2018.
  23. Heino Elleri nimeline Tartu Muusikakool Архивирано на 26 април 2018 г. Kontserdisarja "Sõna jõud" III külalised on Mikk Sarv ja Merle Jääger. 2 February 2015.
  24. E-Kataloog Ester. Merca by air mail. Retrieved 25 April 2018.
  25. Eesti Rahvasbibliograafia Архивирано на 1 мај 2021 г. Mercamerka. Retrieved 25 April 2018.
  26. Raamatukoi raamatupood. Vana libu hommik. Retrieved 25 April 2018.
  27. Vanaraamat. Hele häärber. Retrieved 25 April 2018.
  28. Vanaraamat. Narrivile. Retrieved 25 April 2018.
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 „Merca“. Estonian Writers Online. 2021. Посетено на 19 February 2022.
  30. Eesti Rahvasbibliograafia Архивирано на 2 мај 2021 г. Mees. Retrieved 25 April 2018.
  31. Eesti Rahvasbibliograafia Архивирано на 2 мај 2021 г. Jututulbad / Storypillars . Retrieved 25 April 2018.

Надворешни врски

уреди