Анфан терибл (Enfant terrible)

Анфан терибл (француски: enfant terrible - ужасно дете) — француски израз, кој традиционално се однесува на дете кое е застрашувачки невино, кажувајќи им непријатни работи на родителите или на други луѓе.[1][2] Сепак, изразот има и повеќекратна употреба во кариерите на уметноста, модата, музиката и другите креативни уметности. Во овие кариери, тоа подразбира успешен и често млад „гениј“ кој е многу неортодоксен, впечатлив, а во некои случаи навредлив или бунтовен.[3]

Оксфордскиот англиски речник, второ издание, ја дава дефиницијата: „Дете кое ги засрамува своите старатели со непријатни забелешки во лоши моменти; трансф. лице кое ги компромитира своите соработници или неговата партија со неортодоксен или непромислен говор или однесување; полабаво употребен поимот може да значи оној кој постапува неконвенционално.“

Една од дефинициите на Вебстеровиот речник на enfant terrible односно ужасно дете е „обично млада и успешна личност која е впечатливо неортодоксна, иновативна или авангардна“.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „enfant terrible“. dictionary.reverso.net. Посетено на 2017-09-28.
  2. „enfant terrible“. www.wordreference.com. Посетено на 2017-09-28.
  3. „enfant terrible“. translation.babylon.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-09-28.
  4. „enfant terrible“. merriam-webster.com. Посетено на March 20, 2020.