Мерење

доделување на броеви на предмети и настани

Мерење — постапка со која се утврдува соодносот на една физичка величина како должина, време, температура и сл. со некоја мерна единица, како метарот, секундата или Целзиусовиот степен. Науката која се занимава со мерењето и мерите се нарекува метрологија.[1]

Лента за мерење поделена на сантиметри
Вага за мерење производи на пазар

Стандарди

уреди
 
Меѓународниот килограмски еталон (цилиндар од 90% платина и 10% иридиум)

Со исклучок на неколку навидум фундаментални квантни константи, мерните единици се во суштина произволни, т.е. луѓето се тие што ги измислуваат и што се договараат да ги користат. Не постои ништо својствено за самата природа што диктира дека сантиметарот треба да ја има должината што ја има, или дека километарот е подобра единица за растојание од милјата. Со текот на времето луѓето почнале да договараат сè постандардизирани единици за да ги задоволат потребите на човечката цивилизација во развој, како заради усогласување, така и правно, за спречување на измами во трговијата.

Денес мерните единици се дефинираат на научна основа под конрола на национални установи и во согласност со меѓународни договори и спогодби, од кои најзначајна е Генералната конференција за тегови и мерки (CGPM) која е започната во 1875 со Спогодбата за метарот и донесува одлуки за Меѓународниот систем на мерни единици (SI). Системот е во надлежност на Меѓународното биро за тегови и мерки, кое го чува и меѓународниот килограмски еталон (прототип). Во 1983 организацијата го има предефинирано метарот како растојанието што ќе го пропатува светлината во слободен простор за 1299 792 458 секунди. Во 1960 САД, Британија, Австралија и ЈАР договориле јардот да изнесува точно 0,9144 метри.

Национални стандардизациони организации

уреди

Во Република Македонија за мерките во науката и стопанисувањето е надлежно Бирото за метрологија на РМ.[2] Во САД, мерките во стопанството ги регулира Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) кој е одделение на Министерството за трговија. Во Велика Британија таа задача ја има Националната физичка лабораторија (NPL).

Единици и системи

уреди
 
Метрички мерни уреди

Метрички систем

уреди

Метричкиот систем е десетичен мерен систем кој се заснова на единицата за должина метар и единицат за маса, килограм. Постои во неколку варијанти, зависно од изборот на основни единици. Денес системот SI е општопризнатиот облик на метричкиот систем.

Во метричкиот систем има една основа за голем број на физички величини. Другите величини се изведени од стандардните единици на SI. Поголемите и помалите варијанти на секоја единица се добиваат со повишување или снижување на степен 10. Претворањето секогаш е просто бидејќи се работи за сооднос, десет, сто, илјада итн, па затоа величините се менуваат со едноставно поместување на децималната запирка: 1,234 метри = 1234 милиметри = 0,001234 километри. Употребата на дропки (на пр. 25 метар) е допуштена, но е прилично ретка.

Меѓународен систем на мерни единици

уреди
 
Луксметар за мерење на осветленост во простории, изразена во лумени на квадратен метар.

Меѓународниот систем на мерни единици (SI, од фр. Système International d'Unités) е современа варијанта на метричкиот систем. Ова е најзастапениот мерен систем во светот, како во секојдневното работење, така и во науката. Обмислен е во 1960 врз основа на системот метар-килограм-секунда (МКС). Со текот на времето во системот се воведени нови единици што дотогаш не постоеле во метричкиот систем. Првичните шест единици на за основните физички величини се следниве:[3]

Подоцна е додаден и молот, а Келвиновиот степен е преименуван во „келвин“.

Покрај овие основни единици, во системот SI постојат и повеќе изведени единици кои се засноваат на основните, а изразуваат други величини. На пример, ватот (единица за моќ) се дефинира како m2·kg·s−3.

Империјален систем

уреди
 
Бокал за мерење течност со поделоци во империјални и американски единици

Пред поширокото усвојување на системот SI, британските системи на англиски мерни единици и подоцна, (наречени и „англоамериканси“) единици се користеле во Британија, земјите од Комонвелтот и САД. Во САД, единиците од ваквиот систем се нарекува „обичајни единици“ и сè уште е нашироко застапен во САД и неколку карипски земји. Американскиот систем историски произлегува од империјалниот, но многу од единиците имаат поразлични вредности. Покрај единиците од SI, во Британија се користат и извесен број на империјални единици. Во сообраќајот сè уште се користат милји, јарди и милји на час; течностите за домаќинството се мерат во пинти. Човечката висина се изразува во стапки и инчи (палци), а телесната тежина во камења и фунти. Империјалните единици се применуваат на неформална или полуформална основа и во земјите од Комонвелтот кои го имаат усвоено метричкиот систем: земјиштето се изразува во акри, а просторот во квадратни стапки. Во некои од нив бензинот се точи на галони.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „метрологија“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. За бирото - Биро за метрологија на РМ
  3. Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 147, ISBN 92-822-2213-6 (англиски)

Надворешни врски

уреди