Милји на час

(Пренасочено од Милја на час)

Милја на час (симболи: mph, MPH, mi/h, ми/ч) е мерна единица за брзина, која го изразува бројот на милјите поминати во времетраење од еден час.

Автомобилски брзиномер, со милји на час означени со бело и километри на час со црвено

Оваа мерка се користи за брзинско ограничување, како и патна брзина на возилата во Велика Британија, САД и други земји. Се користи и за изразување на брзината со која лета една топка во разни спортови како крикетот, тенисот и безболот при натпревари на највисоко ниво.

Единицата за брзина во системот SI е метарот во секунда (м/с или m/s). Во најголемиот број на земји патната брзина се изразува во километри на час км/ч (км/ч). Во морепловството и воздухопловството за истата намена се претпочита јазолот: еден јазол е еднаков на една морска милја на час.

Претворање уреди

1 mph е еднаква на:

При претворањето на милји на час во друга единица (или обратно), корисно е да се знае односот на милјите и часовите со другите единици за растојание и време. На пример, 1 милја е еднаква на 5.280 стапки, 1.760 јарди или 1.609,344 метри. Исто така, 1 час е еднаков на 60 минути или 3.600 секунди.

Поврзано уреди