Пинта (англ. pint) е англиска едница мерка за зафатнина или капацитет според британскиот и американскиот систем, еднаква на половина кварта, една осмина галон. Прилично грубо земено ова е еднакво на половина литар, но се разликува од систем до систем, и по тоа дали содржината е течност или сува:

Пинта светло пиво
Обединето Кралство, Комонвелт (Британски)
1 пинта = 20 течни унци = 568,26125 mL ≈ 568 mL
1 пинта = 4 џили (правна дефиниција; во некои места џилот се нарекува пола пинта; на сите други места џил била ⅓ пинта млеко која бесплатно ја добивале ученици)
САД
1 пинта (течна) = 16 течни унци = 2 шолји ≈ 473 mL
1 пинта (сува) = 550,6104713575 mL ≈ 551 mL
1 пинта (метричка) = 500 mL (неформално)

Историја

уреди

Пинтата се дефинира како 1/8 галон. За разни други стоки постоеле други верзии на галон, а такви постоеле и за пинта.

Америка го прифатила т.н. вински галон (дефиниран во 1707 како 231 кубни инчи) како основна мерка за течности, од која е произлезена американската течна пинта, и британскиот пченкарен галон (1/8 стандарден „винчестерски“ шиник пченка, или 268,8 кубни инчи) како сува мерка, од која произлегува американската сува пинта.

Во 1824 британската влада ги заменила сите разни галони со нов империјален галон заснован на десет фунти дестилирана вода при 62 °F (277,42 кубни инчи), од која произлегува британската фунта.

Поврзано

уреди