Галон

мерка за течност

Галон (крат. gal) е мерка за зафатнина што денес се користи претежно во САД и Британија и разни делови од западна Европа. Во минатото неговата вредност се разликувала во зависност од суровината што се мери и географското подрачје, но денес во повеќето земји е заменет со литарот. Во употреба се три варијанти на галонот: империјален (≈ 4,546 л), кој денес е неофицијална мерка во Британија и полуофицијална во Канада, американскиот течен галон (≈ 3,79 л) и поретко употребуваниот американски сув галон (≈ 4,40 л).[1] Наоѓа примена и во други земји од англиското говорно подрачје.

Американска канта за бензин, чија зафатнина е наведена во американски галони, империјални галони (за во Канада) и во литри.

Дефиниции

уреди
 
Шишиња со млеко од по еден галон

Во империјалниот систем има само еден галон, но американскиот разликува два (течен и сув).

Империјален галон

Империјалниот (британски) галон се дефинира како 4,54609 литри и наоѓа примена во земјите од Комонвелтот. Прамерката на овој галон е 10 фунти вода при температура од 62 °F (17 °C). (Американскиот течен галон тежи околу 8,34 фунти на истата температура.) Империјалната течна унца претставува 1160 од империјалниот галон.

Американски течен галон

Американскиот галон, еднаков на 3,785411784 литри, е законски пропишан како зафатнина од 231 кубни инчи.[2][3] Се дели на 4 кварти; квартата има по 2 пинти, а секоја пинта по 16 течни унци. За да се избегнат неточностите при ширење/собирање на течноста на дадени температури, честопати заедно со износот се прибележува и температурата при која течноста ја има наведената зафатнина. На пример, во трговијата со бензин[4] и алкохолни пијалаци,[5] количините се даваат при температура од 60 °F (16 °C).

Сув американски галон

Овој галон изнесува една осмина од американскиот „винчестерски“ шиник (бушел) од 2150,42 кубни инчи, што значи дека е еднаков на точно 268,8025 кубни инчи или 4,40488377086 л. Сувиот галон се употребува поретко и не е пропишан со закон, кој од сувата кварта преоѓа веднаш на пекот.[6]

Употреба на галонот во светот

уреди

Империјалниот галон наоѓа примена во секојдневниот живот (и во рекламирањето) во Велика Британија, Ирска и (поретко) во Канада. Со него се изразува потрошувачката на гориво на возилата во рекламите и службените прописи.[7][8][9]

Империјалниот галон се користи за изразување на количина на гориво во Антигва и Барбуда, Гвајана и, до неодамна, во ОАР.[10] Американскиот галон пак, е застапен во Белиз, Гватемала, Гренада, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Колумбија, Либерија Мјанмар, Никарагва, Панама, Перу, Порторико, САД, Хаити и Хондурас.[11]

Наводи

уреди
  1. „галон“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. NIST Handbook 44 - 2012 Appendix C "General Tables of Units of Measurement" page" C-5 "Units of Liquid Volume"
  3. Uniform Laws and Regulations in the areas of legal metrology and engine fuel quality (PDF). US Department of Commerce, National Institute of Standards and Technology. 2011. стр. 9–13, 69.
  4. State of New Hampshire Dept of Weights and Measure
  5. 27 CFR section 5.21
  6. Authorized tables, US Code, Title 15, ch. 6, subchapter I, sec. 205, пров. на 19 јули 2008
  7. [1]
  8. Statutory Instrument 2001/3523 Environmental Protection - The Passenger Car (Fuel Consumption and CO2 Emissions Information) Regulations 2001 (PDF). The Stationery Office. 30 октомври 2001. ISBN 0-11-038743-0. Посетено на 1 декември 2011.
  9. „Energy Map“. Sustainable Energy Authority of Ireland. Архивирано од изворникот на 2013-06-20. Посетено на 1 декември 2011.
  10. Badih, Samia (30 декември 2009). „Petrol stations in UAE go the metric route“. Gulf News. Посетено на 11 септември 2012.
  11. „International Fuel Prices 2010/11 - 7th Edition“ (PDF). GTZ Transport Policy Advisory Services on behalf of the [German] Federal Ministry for Economic Cooperation and Development. стр. 100. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-12. Посетено на 16 јануари 2012.