Меморијален музеј на Тарас Шевченко (Киев)
Меморијалниот музеј на Тарас Шевченко (украински: Літературно-меморіальний будинок-музей Тараса Шевченка) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1925 |
---|---|
Место | Киев, Украина |
Тарас Шевченко живеел во овој музеј од 1846 година до 5 април 1847 година кога бил уапсен. Спомен-куќата која денеска е музеј била изградена во 1835 година. Куќата имала 6 соби, со дрвена ограда и двор од 135 квадратни метри. Во оваа куќа Тарас се населил по неговото враќање од Седнев во 1846 година, за да во 1847 година биде уапсен.
Со текот на времето, куќата била реновирена и проширена. Во 1876 година нејзината површина се зголемила на 325 квадратни метри. Во тоа време куќата припаѓала на семејство Житницки, за да по смртта биде продадена на В. Петерсон. Во 1925 година објектот бил национализиран.
На 10 ноември 1928 година бил отворен музејот. До 1941 година, музејот бил исполнет со дела на советски уметници. По војната колекцијата значително се намалила. Во периодот од 1969 до 1973 година, музејот бил реновиран.
Секоја година музејот го посетуваат околу 10,000 луѓе или туристи.