Мелдоница

село во Населичко, Егејска Македонија

Мелдоница или Мелидони (грчки: Μελιδόνι) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).

Мелдоница
Μελιδόνι
Мелдоница is located in Грција
Мелдоница
Мелдоница
Местоположба во областа
Мелдоница во рамките на Горуша (општина)
Мелдоница
Местоположба на Мелдоница во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°20.52′N 21°23.45′E / 40.34200° СГШ; 21.39083° ИГД / 40.34200; 21.39083
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно27
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено на левиот брег на реката Бистрица, околу 6 км североисточно од Лапчишта.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според грчка статистика од 1904 г. во Мелдоница живееле 60 Грци христијани.[3] Сепак, овој податок не може да се потврди од други извори, знаејќи ја пристрасноста на грчките извори.

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. Мелдоница е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 87 жители кои во 1920 г. станале 90.[2] Во 1920-тите во властите довеле едно грчко семејство од Турција со 9 лица.[4] Така, во 1928 г. во Мелдоница е попишано 121 лице, кои во 1940 г. се накачиле на 151.[2] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 151 137 139 106 90 79 68 38 27
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Стопанство

уреди

Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 343.
  3. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Ιερού Ναοί των Εισοδίων της Θεοτόκου στο Βόιο“. Το Βόιον. Посетено на 4 јануари 2015.[мртва врска]