Мафија
Мафија е италијански збор, кој се користи за означување на организирани криминални банди, гангстери, поточно за таквите организации од островот Сицилија. Сицилијанската мафија исто така е позната како „Коза Ностра“ (Cosa Nostra) односно „Наша работа“ и се појавила во XIX век. Тоа е лабава асоцијација на криминални групи кои споделуваат заедничка организациска структура и код на однесување. Секоја група, позната како „семејство“ или „фамилија“, „здружение“, „клан“ или „коска“ (cosca) смета дека има суверенитет врз територијата на која рекетира — обично град или село или населба (borgata) од поголем град.
Гранки на мафијата се појавиле во САД во текот на доцниот XIX век, по брановите италијанска емиграција, како и во Канада и Австралија.[1] Поимот „Мафија“ исто така се користи за организациите од сличен тип што работат под слична структура, без разлика дали се од Сицилија или не, како Камора, ’Ндрангета, Стида или Сакра Корона Унита, како и неиталијански организирани групи.
Во цел свет зборот мафија е синоним за организирани криминални структури тесно поврзани со крупниот бизнис и со владејачките структури. Оваквата спрега е позната за буквално секоја земја во денешно време, освен Куба, Кина, Виетнам, Северна Кореја. До крајот на 90-тите години на минатиот век организирани криминалци не постоеја[се бара извор] ниту во поранешните комунистички земји во Европа : СССР, Чехословачка, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, СФРЈ.
Џовани Фалконе, антимафијашкиот судија убиен од Мафијата, се спротивставуваше на инфлацијата на користењето на терминот „Мафија“ за сите видови организиран криминал: „На времето луѓето се плашеа да го изговорат зборот ’Мафија‘, а денес луѓето се отидени во сосема спротивна насока што веќе премногу се употребува... Јас веќе не ја прифаќам навиката за Мафијата да се зборува на описен и сеопфатен начин со што се овозможува да се трупаат феномени кои навистина се сродни со полето на организиран криминал, но кои имаат малку или ништо заедничко со Мафијата.“ Според најшироко прифатената дефиниција, Мафија се однесува на регионалниот криминалитет на Сицилија.[2]
Мафијата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Член на мафијата“ (Члан мафије) - песна на српската рок-група „Рибља чорба“ (Riblja Čorba).[3]
- „Кум“ (англиски: The Godfather) - американски филм од 1972 година, во режија на Фрaнсис Форд Копола.[4]
- „Кум II“ (англиски: The Godfather II) - американски филм од 1974 година, режиран од Френсис Форд Копола.[5]
- „Кум“ (англиски: The Godfather) - роман на американскиот писател Марио Пузо од 1969 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Omerta in the Antipodes Архивирано на 16 август 2012 г., Time, 31 јануари 1964.
- ↑ Lupo, Историја на Мафијата Архивирано на 6 јануари 2013 г., стр. 1-3
- ↑ YouTube, Riblja Corba-Clan Mafije (посетена на 19.4.2017)
- ↑ IMDb, The Godfather (1972), Awards (пристапено на 31.3.2017)
- ↑ IMDb, The Godfather: Part II (1974), Awards (пристапено на 31.3.2017)