Мауриц Корнелис Ешер

Мауриц Корнелис Ешер или М.К. Ешер (хол. Maurits Cornelis Escher, M. C. Escher; 17 јуни 1898 - 27 март 1972) — холандски графички уметник познат по неговите математички испиририни дрворези, линорези и мецотинта кои содржат невозможни конструкции, истражување на бесконечноста и повторување на форми со ист облик.

Автопортрет (1929), литограф

Младост

уреди

Мауриц Корнелис е роден во Леуварден, Фризија. Најмлад син на Георг Арнолд Ешер (градежен инженер) и неговата втора жена Сара Глајхман. Во 1903 семејството се преселило во Арнем каде што земал часови по столарство и пијано до неговата 13 година.

Од 1903 до 1918 учел основно и средно учлиште. Иако бил одличен во цртање вообичаено неговите оцени биле слаби. Во 1919 се запишал во училиштето Харлем за Архитектура и Декоративна уметност. Кратко учел архитектура но брзо се префрлил на декоративна уметност каде учител му бил Самуел Јесурун де Мескита, уметник со кој ќе стане многу добар пријател. Во 1922 година го напуштил учлиштето имајќи стекнато искуство во цртање и дрворез.

Подоцнежен живот

уреди
 
Релативност“ (1953)

Ешер патувал често во Италија наредните години. Во Италија првпат ја сретнал Јета Умикер, со која оженил во 1924. Младиот пар живеел во Рим сè до 1935, кога политичката клима под Мусолини станала неподнослива. Следната преселба на фамилијата била во Шато до Окс, Швајцарија каде останале две години. Ешер кој бил многу наклонет и инспириран од земјописот на Италија, бил несреќен во Швајцарија, така што во 1937 фамилијата повторно се преселила, во Укел, мал град близу Брисел, Белгија. Втората светска војна ги присли да се преселат за последен пат во јануари 1941, овој пат во Барн, Холандија каде што Ешер таму живеел до 1970. Повеќето познати слики на Ешер се во периодот на 50-тите години од 20 век. Облачното, ладно и влажно време во Холандија му допуштаа да се фокусира внимателно на неговата работа, само за време на 1962 година, кога имал извршено операција, немал изработено ниедна слика.

Ешер се преселил на Роса-Спиер куќа во Ларен во 1970, пензионерски дом за уметници каде што можел да има свое студио. Тој умрел во домот на 27 март 1972, на 73 години. Ешер и Умикер имаа три сина.

Работа

уреди
 
Водопад“ (1961)

Ешер е најпознат по неговите таканаречени невозможни структури, како што се „Качување и симнување“, „Релативност“, неговата „Преобразувачка графика“, како на пример „Метаморфоза 1“, „Метаморфоза 2“ и „Метаморфоза 3“, „Небо и вода 1“ или „Влекачи“.

Но исто така тој направил неколку прекрасни, пореалистични работи за време додека живеел и патувал во италија. Во Кастровалва на пример може да се забележи фасцинацијата на Ешер за високо и ниско, блиску и далеку. Литографијата Атрани, мал град на брегот Амалфи била направена во 1931, но повторно се појавува, во неговото ремек дело Метаморфоза 1 и 2.

М.К. Ешер за време на неговиот живот, направил 448 литографии и дрворези и преку 2000 цртежи и скици. Како некои од неговите познати претходници – Микеланџело, Леонардо да Винчи и Холбајн, М.К. Ешер бил левак. Независно од тоа што бил графички уметник, М.К. Ешер илустрирал книги, дизајнирал таписерии, поштенски марки и фрески.

За времето додека живеел во Рим, Ешер секоја година патувал низ Италија, цртал и правел скици за различни принтови којшто ги правел откако ќе се врател дома.

Монгу од овие скици тој подоцна ќе ги користи за различни литографии и дрворези, на пример позадината во литографијата „Водопад“ е до неговиот период во Италија, или дрвата којшто се рефлектираат во дрворезот „Бара“, којшто се истите дрва кој Ешер ги користел во дрворезот Pineta of Calvi, кој го направил во 1932.

М.К. Ешер се фасцинира од правилната поделба на рамнината, кога првпат ја посетил Алхамбра, маварски замок од 14 век во Гранада, Шпанија во 1922.

За времето додека бил во Швајцарија и низ Втората светска војна, тој енергично го продолжил неговото хоби, цртајќи 62 од вкупното 137 Цртежи со Правилна Поделба кој ќе ги направи во неговиот живот.

Тој ќе ја прошири својата страст кон правилната поделба на рамнината, користејќи некој од неговите цртежи како основа за друго негово хоби, резбани букови сфери.

Си игра со архитектура, прспектива и невозможен простор. Неговата уметност продолжува вчудовидува и запрашува милиони луѓе во светот. Во неговата работа ние го распознаваме длабокото посматрање на светот околу нас и изразувањето на неговите фантазии. М.К. Ешер ни покажува дека реалноста е прекрасна, разбирлива и фасцинантна.

Надворешни врски

уреди