Ханс Холбајн Постариот

Ханс Холбајн Постариот (герм. Hans Holbein der Ältere) (~ 14601524) е германски ренесансен сликар.[1]

Автопортрет

Роден е во Аугсбург, Баварија, а умрел во Изенхајм. Тој и брат му Зигисмунд Холбајн сликале верски дела во доцноготски стил. Ханс Постариот бил пионер и водач во преобразбата на германската уметност од готскиот во ренесансен стил.

Работел и во дрворез и илустрирал книги. Едно од неговите најпознати дела на ова поле е серијата за книгата Пофалба на глупоста од Еразмо Ротердамски.

Неговите синови Ханс Холбајн Помладиот и Амброзиј Холбајн почнале да учат сликарство прво кај него.

НаводиУреди

  1. „Hans Holbein“. Католичка енциклопедија. Посетено на 18 февруари 2007.

ПоврзаноУреди