Мецотинта (француски: manière noire, германски: schabkunst, англиски: mezzotintграфичка постапка длабок печат во кој матрицата - металната плоча се изработува и подготвува за печатење по механички пат.

Пример на графика изработена во мецотинта Рупрехт Фалечки, Џелатот со главата на Свети Јован (1658)

Историја уреди

Откривањето на мецотинтата му се припишува на Лудвиг фон Зиген (1609-1680) во средината на 17 век[1],[2]

Метод уреди

Техниката се изведува со помош на посебен алат наречен лулашка, која има остра површина на крајот. Нишалката или лулашката се движи во сите правци на плочата со што прави рамномерно изрежани површини во вид на ситен растер. Со помош на овие ситно изрежани површини на плочата се добиваат многу суптилни нијанси и тонски премини слични како на старите црно-бели фотографии[3].

Мецотинтата е една од најпрецизните графички техники, спора во изработката и мошне деликатна.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Mezzotint“. Архивирано од изворникот на 2019-09-20. Посетено на 2019-09-20.
  2. „History of mezzotint“. Архивирано од изворникот на 2019-09-20. Посетено на 2019-09-20.
  3. Mezzotint History and Technique

Литература уреди

  • Џевад Хозо, Уметноста на мултиоргиналот, Прва књижевна комуна Мостар, 1988
  • Дублин Коре, Мецотинта, Духовни приказни за антиката (1904).

Надворешни врски уреди