Матусал (потомок на Сит)

За истоимениот потомок на Каин, видете Матусал (потомок на Каин).

Матусал (хебрејски: מתושלח) — во Библијата, еден од праотците на човештвото, син на Енох, потомок на Сит; бил дедо на Ное (Бит. 5:21–27). Тој станал познат по својата долговечност: живеел 969 години, станувајќи најстариот меѓу луѓето.[1][2]

Витраж во југозападниот премин на Кантербериската катедрала на кој е прикажан Матусал

Неговото име станало вообичаена именка за означување на долголетник („Матусаилов век“).

Семејство

уреди

Во книгата Битие, Матусал бил син на Енох и татко на Ламех. Ламех се родил кога Матусал имал 187 години, а Ное се родил кога Ламех имал 182 години. Значи, Матусал имал 369 години кога се родил Ное. Големиот потоп се случил кога Ное имал 600 години, што било кога Матусал имал 969 години. Ова значи дека Матусал умрел во годината на потопот.

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Во еврејската традиција

уреди

Се вели дека Матусал се борел против злите духови наречени шедим. Неговото име често се смета дека значи „убивачкиот меч“ (од еврејските зборови mawet =„смрт“, и selah = „меч“). Според Мидраш Хагада, неговото име доаѓа од фактот што неговиот меч имал посебно име на него и убил многу демони.

Наводи

уреди
  1. Мафусал // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)
  2. „Methuselah“. Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.

Надворешни врски

уреди