Ламех (потомок на Каин)

За истоимениот татко на Ное, видете Ламех (татко на Ное).

Ламех (библиски хебрејски: למך) — шестиот потомок од Адам во поколението на Каин;[1] син на Матусал; во Библијата се споменува како прв што вовел многуженство — имал „две жени: името на едната: Ада, а името на втората: Цила“. Тој бил татко на три сина Јавал, Јувал (од Ада) и Тувал-Каин, познат по разни пронајдоци, и ќерка Ноема (последните двајца од Цила). Песната упатена од Ламех до неговите сопруги Ада и Цила, е првиот пример на поетски говор и ги има сите карактеристични црти на еврејскиот паралелизам.[2]

Ламех го убива Каин

Коментаторот Раши раскажал приказна каде слепиот Ламех го водел неговиот син Тувал-Каин. Ламех, следејќи ги упатствата на Тувал-Каин, фрлил стрела мислејќи дека е насочена кон ѕвер. Наместо тоа, тој случајно го убил Каин. Потоа, во своја неволја, Ламех случајно го убил и Тувал-Каин. По ова, неговите жени го напуштиле.[3]

Приказна

уреди

Родословие

уреди

А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Гос­под знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем. И легна Каин со жената своја, и таа забремени и го роди Енох. Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син — Енох. На Енох му се роди Ирад; а Ирад го роди Мехујаел; Мехујаел, пак, го роди Матусал, а Матусал го роди Ламех. —Бит. 4:15–18

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Во Библијата, Ламех првпат се споменува во Битие 4:18 како син на Матусал и потомок на Каин. Имал две жени, Ада и Цила, што го прави првиот маж со повеќе жени. Во еден миг, тој зборувал со своите жени, велејќи: „Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и младич заради модрица. Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“ Точното значење на зборовите на Ламех е нејасно, но постојат различни теории за тоа што имал предвид.

Двоженството на Ламех

уреди

Според Книгата на Јашар (Праведниот):

  • Ламех, синот на Матусал ги зел за жени двете ќерки на Каинан, синот на Енос ― Ада и Цила.[4]

Од своите две жени Ламех имал три сина и една ќерка:[3]

Ламех зеде две жени: на едната ѝ беше името Ада, а на другата Цила.

Ада го роди Јавал, тој е татко на оние што живеат во шатори со стада.

А на братот негов името му беше Јувал; тој беше татко на сите што свиреа на гусли и шупелки.

Цила, пак, го роди Тувал-Каин, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Тувал-Каин му беше Ноема.

—Бит. 4:19–22

Вардан Велики именува само два сина на Ламех: Товел (Тувал-Kаин) и Јувал, и нивната сестра Ноема.[5]

Песната на Ламех

уреди

Обраќањето на Ламех до неговите сопруги е најстариот пример на поезија што преживеал до нашево време. Значењето на ова обраќање е загадочно, бидејќи нема очигледна врска со претходната приказна. Песната ги има сите карактеристични црти на еврејскиот паралелизам.[3]

Смислата на песната на Ламех понекогаш се поврзува со измислувањето на мечот од ковачот Тувал-Каин и се нарекува „Песната на мечот“.[6]

И им рече Ламех на жените свои:

Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови;

послушајте ги зборовите мои:

убив човек поради рана и младич заради модрица.

Ако за Каин треба да се одмазди седумпати,

за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!

—Бит. 4:23–24

Наводи

уреди
  1. Бит. 4:18
  2. Ламех // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски(
  3. 3,0 3,1 3,2 Лемех // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908—1913. (руски)
  4. Книга Яшера (Праведного). Глава 2, абзацы 16—17. (руски)
  5. Вардан Великий. Всеобщая история, абзац 17. (руски)
  6. S. Cox D. D. The Song of the Sword. Genesis, 4:17—24

Надворешни врски

уреди