Јавал
Јавал (библиски хебрејски: יבל) — старозаветна личност во книгата Битие, син на Ламех и Ада, брат на Јувал, татко (праотец) на оние што живеат во шатори со стада (бедуини).[1][2]
Јавал | |
---|---|
Јавал, син на Ламех, со својата овца и куче | |
Занимање | овчар |
Познат(а) по | праотец на сите овчари |
Родители | Ламех (татко) Ада (мајка) |
Роднини | Јувал (брат) Тувал-Каин (полубрат) Ноема (полусестра) |
Авел бил првиот овчар, додека Јавал бил веројатно првиот што имал различни видови стада, со кои се движел од место на место и со тоа го означил почетокот на овчарскиот номадски живот.[3]
Варијанти на пишување на името
уредиПокрај името Јавал, постојат и пишувања:
- Јовал
- Јабал
Потеклото и значењето на името е непознато, некои извори го извлекуваат од староеврејското „Јувал“ (староеврејски: יובל, букв. поток). Други извори сметаат дека неговото име доаѓа од името „Јабал“ (букв. рог) и го поврзуваат со неговото главно занимање како овчар.[4]
Семејна лоза
уредиЈавал, потомок на Каин, бил син на Ламех и Ада. Тој бил брат на Јувал и полубрат на Тувал-Каин и Ноема. Познат е како „татко (праотец) на сите што живеат во шатори и одгледуваат добиток“.
Адам | Ева | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Каин | Авел | Сит | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Енох | Енос | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ирад | Каинан | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мехујаел | Малелеил | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Матусал | Јаред | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ада | Ламех | Цила | Енох | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јавал | Јувал | Тувал-Каин | Ноема | Матусал | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ламех | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ное | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сим | Хам | Јафет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Теории
уредиФренсис Најџел Ли го толкува Битие 4:20 за да претположи дека Јавал бил и „татко на сите сточари“ и „татко на сите жители на шатори“. Ли го гледа Јавал како пионер во сточарството и земјоделската технологија, како и во архитектурата. Тој, исто така, верува дека Јавал веројатно бил ткајач, што го прави пионер во индустријата за облека.[5]
Меѓутоа, Гордон Венам го гледа Јавал како првиот човек што живеел со стада, означувајќи го како „татко на бедуинскиот начин на живот“. Венам истакнува дека додека Авел живеел од своите стада, Јавал можел да тргува користејќи ги своите животни, што претставува културен напредок.[6]
Наводи
уреди- ↑ Рождественский В. Г. Бытие // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски)
- ↑ Битие 4:20
- ↑ Иавал // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)
- ↑ Каменецкий А. С. Ябал // Еврейская энциклопедия Брокгауза и Ефрона. — СПб., 1908—1913. (руски)
- ↑ Francis Nigel Lee, The Central Significance of Culture (Presbyterian and Reformed, 1976), 29.
- ↑ Gordon Wenham, Genesis 1-15 (Word, 1987), 113.