Ада (жена на Ламех)

Ада (библиски хебрејски: עָדָה = „украсување“) — библиска личност од Стариот завет.[1]

Ада
ПартнерЛамех
ДецаЈавал
Јувал

Според книгата Битие, таа била првата жена на Ламех, потомокот на Каин; мајка на Јавал и Јувал (Бит. 4:19–21).

Според Книгата на Јашар (Праведниот):

  • таа е ќерка на Каинан (син на Енос, син на Сит), сестра на Цила;
  • жена на Ламех, потомокот на Каин.

Приказна

уреди

Ада првпат се споменува во Бит. 4:19 како една од двете жени што Ламех, потомокот на Каин, ги зел за жена. После тоа, таа родила два сина: Јавал, кој е „татко на оние што живеат во шатори со стада“ и Јувал, кој бил „татко на сите што свират на гусли и шупелки“. По некое време, од непозната причина, Ламех почнува да им зборува на своите жени: „Ада и Цила, чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и младич заради модрица. Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“ (Бит. 4:23). Тука завршува приказната за Ада од Библијата.[2]

Семејна лоза

уреди
АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Наводи

уреди
  1. Ада // Библейская энциклопедия архимандрита Никифора. — М., 1891—1892. (руски)
  2. Битие 4

Надворешни врски

уреди