Јувал (библиски хебрејски: יובל) — во Петокнижјето, син на потомокот на Каин, Ламех, и неговата сопруга Ада. Тој станал познат по изумот на музички инструменти — гусли и шупелки — и станал „татко на сите што свират“ на нив. Пронајдокот на Јувал го претставувал наједноставниот облик на жичан инструмент, кој Евреите го нарекувале кинор. (Бит. 4:21).[1]

Јувал
РодителиЛамех (татко)
Ада (мајка)

Книгата Битие вели (Бит. 4:19–22):

Ламех зеде две жени: на едната ѝ беше името Ада, а на другата Цила.

Ада го роди Јавал, тој е татко на оние што живеат во шатори со стада.

А на братот негов името му беше Јувал; тој беше татко на сите што свиреа на гусли и шупелки.

Цила, пак, го роди Тувал-Каин, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Тувал-Каин му беше Ноема.

Сите тројца браќа претставуваат човечки изуми: ковачки занает (коваштво), сточарство и музика.

Семејна лоза

уреди
АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Наводи

уреди
  1. McKinnon, James W. (2001). "Jubal". Grove Music Online. Oxford: Oxford University Press. doi:10.1093/gmo/9781561592630.article.14520. ISBN 978-1-56159-263-0.

Надворешни врски

уреди