Да му се насмееш на животот

Да му се насмееш на животот - збирка поезија на македонската поетеса Ана Бунтеска, објавена од издавачката куќа „Матица македонска“ во 2017 година.

Опис на книгатаУреди

Збирката содржи вкупно 90 песни. Лектурата ја направил Здраво Ќорвезировски, техничката обработка на корицата е дело на Владимир Мирчевски (според илустрацијата на отец Пимен), а електронската реализација е дело на Методија Николовски. Книгата, со обем од 236 страници и со димензии од 21 сантиметар, е испечатена во печатницата „Графостил“, во тираж од 500 примероци. Книгата е каталогизацирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, а ја има меѓународната ознака ISBN 978-608-10-0556-1.[1]

НаводиУреди

  1. Ана Бунтеска, Да му се насмееш на животот. Скопје: Матица Македонска, 2017.