Бесар Дурмиши
Бесар Дурмиши (р. 10 јули 1990 во Тетово) — македонски политичар кој моментално ја извршува фукнцијата министер за економија и труд од редовите на Беса.
Бесар Дурмиши | |
---|---|
Министер за економија и труд | |
На должноста | |
Стапил 24 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Крешник Бектеши |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 јули 1990 Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Народност | Албанец |
Партија | Беса |
Вероисповед | Ислам |
Животопис
уредиБесар Дурмиши е истакнат политичар и професионалец во областа на финансиското сметководство, со значајно искуство во локалната самоуправа и приватниот сектор.
Дурмиши го започнува своето образование во Тетово, каде што го завршува основното образование во Основното училиште „Наим Фрашери“ (1996-2004) и средното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ (2004-2008). Неговата академска патека продолжува на Државниот универзитет во Тетово, каде што во 2013 година дипломира на Факултетот за економски науки со специјализација во областа на финансиите и сметководството.
По завршувањето на додипломските студии, Дурмиши ја започнува својата професионална кариера како авторизиран сметководител во Rekont Plus Accounting Office, каде што работи од 2013 до 2020 година.
Во 2017 година, Дурмиши е избран за член на Општинскиот совет на Општина Тетово, позиција на која работи до 2021 година, а од 2021 до 2024 е избран и за претседател на Општинскиот совет на Општина Тетово
Дурмиши ги продолжува своите академски активности и во моментот е на магистерски студии по менаџмент и финансии на College of Business Faculty во Приштина. Во 2021-2022 година, тој завршува специјалистички студии на Американскиот универзитет на Европа во Скопје, каде што стекнува дополнителни вештини од областа на економските науки.
Бесар Дурмиши покрај албанскиот течно говори македонски и англиски јазик.