Марко Митровиќ
Марко Митровиќ (српска кирилица: Марко Митровић; роден на 8 јули 1978 година) е српски фудбалски тренер. Како повеќенаменски играч од средниот ред, тој можел да настапува како играч од средниот ред или како играч од позадината. Поголемиот дел од својата професионална кариера ја поминал во Србија каде што настапувал за осум клубови. Освен во својата земја, Митровиќ професионално настапувал и во Унгарија, Азербејџан и Казахстан. Моментално е помошник тренер на составот на Рединг ФК во англиското првенство.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Марко Митровиќ | ||
Датум на раѓање | 8 јули 1978 | ||
Место на раѓање | Белград, Југославија | ||
Висина | 1.80 м (5 ст 11 ин) | ||
Положба | среден ред | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
1995–1999 | ФК Црвена Ѕвезда | 2 | (0) |
ФК Вождовац (позајмен) | 14 | (5) | |
ФК Раднички Белград (позајмен) | 15 | (2) | |
ФК Милиционар (позајмен) | 40 | (5) | |
1999–2000 | ФК Земун | 2 | (0) |
2000–2001 | ФК Раднички Крагуевац | 11 | (1) |
2001–2002 | Васас | 10 | (0) |
2002–2005 | ФК Будуќност Банатски Двор | 85 | (3) |
2005–2006 | Олимпик Баку | 24[1] | (1) |
2006–2008 | ФК Банат Зрењанин | 43 | (1) |
2008 | ФК Атирау | 15 | (1) |
2008–2009 | ФК Мегаспорт | ||
2009 | Локомотив Астана | 26 | (0) |
2010 | ФК Смедерево | ||
Меѓународна кариера | |||
1993–1994 | Yugoslavia U17 | ||
1994–1996 | Yugoslavia U19 | ||
Тренерска кариера | |||
2011–2012 | Banat Zrenjanin (assistant) | ||
2012–2013 | Napredak Kruševac (assistant) | ||
2012-2015 | Serbia U20 (assistant) | ||
2013–2015 | Red Star Belgrade U15 | ||
2014-2016 | Serbia U15 | ||
2016–2019 | Chicago Fire (assistant) | ||
2020– | Reading (assistant) | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Професионална играчка кариера
уредиКлупска кариера
уредиМитровиќ девет години (1987-1996) бил член на Академијата на фудбалскиот клуб на Црвена ѕвезда од Белград. Својот прв професионален повеќегодишен договор го потпишал токму со екипата на Црвена ѕвезда од Белград.
Својот прв професионален натпревар за клубот на Црвена звезда од Белград го имал на 6 април 1996 година против составот на Нови Сад во вториот натпревар од полуфиналето на Купот на Југославија. Тогаш имал само 17 години.
Наредните три сезони ги поминал како позајмен играч во екипата на ФК Будуќност од Ваљево, ФК Раднички од Белград и ФК Милиционар. Со ФК Милиционар во сезоната 1997/98 се промовирал во Супер лигата.
По заминувањето во летото 1999 година од екипата на Црвена ѕвезда, тој настапувал 6 месеци за клубот на ФК Земун. Неговата наредна станица била екипата на ФК Раднички од Крагуевац каде ја поминал сезоната 2000/01 пред да се пресели во клубот на Вашаш СЦ, во унгарската Премиер лига. Таму ја минал сезоната 2001/02.
Во 2002/03 година потпишал договор со составот на ФК Будуќност од Банатски двор. Клубот ја освоил Втората лига во првата година и се промовирал во повисоката Првата лига на Србија. Во 2003/04 Митровиќ го играл финалето на Купот против екипата на Црвена ѕвезда. Тие загубиле со резултат 0:1. Со новиот клуб Митровиќ успеал да се квалификува во Купот на УЕФА.
Во летото 2005 година тој се преселил во екипата на Олимпик од Баку, во Азербејџанската Премиер лига, каде што поминал една сезона 2005-06.
Во јули 2006 година му се придружил на составот на Банат од Зрењанин за период од 18 месеци.
Во јануари 2008 година Митровиќ потпишал за екипата на ФК Атирау. По 6 месеци минати таму тој добил дозвола да премине во екипата на ФК Мегаспорт. Овој клуб бил член на Казахстанската Премиер лига. На крајот на 2008 година, неговиот нов клуб се здружил со екипата на Алма-Ата за да го формираат новиот состав на Локомотив од Астана (денес познат како ФК Астана). Во декември 2009 година тој го напуштил клубот врз основа на новите правила на лигата според кои странците постари од 30 години не можат да бидат во клубовите од Премиер лигата на Казахстан.
Пролетта 2010 година ја поминал во екипата на Смедерево играјќи во српската Суперлига пред да објави дека се повлекува од професионалната играчка кариера.
Репрезентација
уредиМитровиќ бил дел од репрезентациите на Југославија (У15, У17, У19 и У21) од 1993 до 1997 година. За младинските репрезентации на Југославија одиграл повеќе од 40 натпревари.
По завршувањето на фудбалската кариера како играч, Митровиќ ја започнал својата тренерска кариера.
Тренерска кариера
уреди2011–2012 година
уредиВо летото 2011 година тој ја започнал својата тренерска кариера во неговиот поранешен клуб, екипата на ФК Банат од Зрењанин и тоа како помошник тренер (асистент) на тренерот Милан Будисављевиќ во Првата лига на Србија. Во јануари 2012 година се приклучил на екипата на ФК Напредак од Крушевац како помошник тренер на поранешниот тренер на Црвена ѕвезда од Белград, Александар Кристиќ.
2012-2015 година
уредиВо летото 2012 година Митровиќ му се придружил на Вељко Пауновиќ како прв помошник тренер во државните репрезентации на Србија У-18, У-19 и У-20. Под негов ангажман српската репрезентација ги постигнала следните достигнувања:
- Прво место[2] на Светското првенство на ФИФА до 20 години во Нов Зеланд (2015),
- Трето место на Европско првенство на УЕФА во Унгарија (2014),
- Прво место во Елитната лига,
- Прво место во квалификациите за УЕФА - Прво коло се одржало во Србија (2013).
Некои играчи додека тој бил на таа позиција биле промовирани во репрезентацијата на Србија како:Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Немања Максимовиќ, Марко Грујиќ, Лука Јовиќ, Андрија Живковиќ, Милош Вељковиќ, Предраг Рајковиќ и Мијат Гаќиновиќ.
2013-2014 година
уредиВо летото 2013 година Митровиќ бил на чело на младинската академија на фудбалскиот клуб на Црвена ѕвезда од Белград во У-15 и У-16 тимот. Го освоил првото место во сезоната 2013/14 во српската лига за играчи до15 години, У-15 лига.
Натпреварувачите како Лука Илиќ (Манчестер Сити), Дејан Јовељиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Алекса Терзиќ (Фиорентина), Владан Ѓекиќ (Интер Милано) и други биле дел од таа генерација, а Митровиќ имал важна улога во нивната селекција и развој.
2014-2015 година
уредиОд декември 2014 до декември 2015 година бил селектор на репрезентацијата на Србија до 15 години.
Некои играчи томку тогаш биле промовирани во репрезентацијата на Србија како Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Немања Максимовиќ (Хетафе), Марко Грујиќ (Херта од Берлин), Лука Јовиќ (Реал од Мадрид), Андрија Живковиќ (Бенфика), Милош Вељковиќ (Вердер од Бремен), Предраг Рајковиќ (Рејмс), Мијат Гаќиновиќ (Ајнтрахт од Франкфурт).
2016-2019 година
уредиВо јануари 2016 година Митровиќ потпишал за екипата на Чикаго Фајр ФК (од МЛС лигата) како помошник тренер каде главен тренер бил Вељко Пауновиќ. Поминал 4 години во екипата на Чикаго Фајр,[3] и тоа од јануари 2016 до ноември 2019 година.
Во август 2017 година, тој бил помошник тренер за тимот од МЛС на Ол Стар натпреварот против екипата на Реал од Мадрид.[4]
За време на неговиот престој во Чикаго Фајр[5] имал можност да работи со многу меѓународни репрезентативци како: Бастијан Швајнштајгер (Германија), Николас Гајтан (Аргентина), Александар Катаи (Србија), Немања Николиќ (Унгарија), Дејвид Акам (Гана), Дакс Мекарти (САД), Ѓорѓе Михаиловиќ (САД), Пшемислав Франковски (Полска), Франциско Калво (Костарика), Николас Хаслер (Лихтенштајн), Кристијан Мартинес (Панама), Разван Коциш (Романија).
2020-сега
уредиПомошник менаџер на ФК, разгледување на стратегија.
Приватен живот
уредиМарко Митровиќ бил оженет со сопругата Марија. Заедно имале три деца Митар, Матија и Миа. Тој течно зборува четири јазици: англиски, шпански, српски и руски. Во 1997 година дипломирал на математичката гимназија во Белград.
Признанија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). pfl.az. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-16. Посетено на 2013-09-18.
- ↑ „FIFA U20 World Cup“. Архивирано од изворникот на March 21, 2017.
- ↑ „Modern Soccer Coach“. Архивирано од изворникот на 2022-01-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „MLS ALL Star Team Assistant Coach“.
- ↑ „Assistant coach-Chicago Fire“. Архивирано од изворникот на 2022-01-29.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Mitrovic, Marko. „World Champions U21“. fss.com.
- ↑ Mitrovic, Marko. „Red Star U15/16“. crvenazvezdafk.com/en.
- ↑ Mitrovic, Marko. „Serbia U21-World Champion - New Zealand“. rts.rs.
Надворешни врски
уреди- Профил на Србија фудбал
- Профил и статистика до 2003 година во Декиса.