Освалдо Николас Фабијан "Нико" Гајтан (роден на 23 февруари 1988 година) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Даљен Ифан и на аргентинската репрезентација.

Николас Гајтан
Гаитан играјќи за Бенфика во 2016
Лични податоци
Полно име Освалдо Николас Фабијан Гаитан
Роден на 23 февруари 1988(1988-02-23)(36 г.)
Роден во Сан Мартин, Аргентина
Држава  Аргентина
Висина &100000000000001740000001,74 м
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Даљен Аербин Даљен Аербин
Број 9
Младинска кариера
2001–2008 Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2010 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 66 (12)
2010–2016 Бенфика Бенфика 152 (25)
2016–2018 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 29 (3)
2018–2019 Даљен Аербин Даљен Аербин 28 (2)
2019- Чикаго Фајр Чикаго Фајр 1 (0)
Репрезентација
2009– Аргентина Аргентина 16 (2)

Тој е производ на Бока Јуниорс, кој подоцна се приклучи на Бенфика во Португалија, каде што тој освои три титули во Примеира лигата, една во Купот на Португалија, пет во Лига купот и еден Суперкуп, сето тоа во шест сезони играјќи за Бенфика.

Клупска кариера

уреди

Бока Хуниорс

уреди

Роден во Сан Мартин, Буенос Аирес, Гајтан започна како играч, во редовите на Бока Хуниорс, откако влезе во малдите категории на 13 годишна возраст, но поради мала минутажа и сомнежи со неговата иднина тој се пресели во Бенфика.[1] Своето деби го направи на 1 јуни 2008 година во победата од 3–1 против Арсенал ди Саранди,[2] и ги постигна првите два гола во аргентинската Примера, во победата од 3-0 против Клуб де Атлетико Хуракан.[3]

На 23 септември 2008 година Гајтан постигна својот прв гол на меѓународните турнири, на Копа Судамерикана против Депортиво Кито. Два дена подоцна, тој повторно се запиша во списокот на стрелците, во 4-2 победата над Њувел Олд Бојс.[4]

Гајтан погоди 7 пати на 33 натпервари во сезоната 2009–10 во аргентинската Примеира со Бока, каде што по завршувањето на сезоната реши да го напушти клубот.

Бенфика

уреди

На 3 мај 2010 година тој потпиша договор за 8.4 милиони евра[5] и дојде како замена за Анхел Ди Марија кој беше продаден во Реал Мадрид.[6] Неговиот трансфер е втор најскап трансфер после,Оскар Кардозо за €11.6 милиони евра. Тој го имаше официјалното деби против Национал играјќи 66 минути во поразот од 1-2. Својот првенец гол за Бенфика го постигна против Асоциацио Навал 1 де Маио на 14 неомври во победата од (4–0).

Гајтан ја заврши својата прва сезона 2010-11 со Бенфика со одиграни 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи девет пати каде што заврши на второто место во португалското првенство и ја освои Така лигата на. За неговите настапи, тој беше прогласен за Португалски играч на годината.[7]

Во сеозната 2011-12 во Лигата на Шампионите, Гаитан ја предводеше Бенфика до нокаут фазата.[8] Во 2013-14 година во првата португалска лига тој придонесе со осум гола за неговиот тим да освои тројната круна. [9] Неговите перформанси беа за пофлеба во текот на целата сезона.[10][11] На 31 август 2014 година, Гајтан го постигна својот прв гол во сезоната против Спортинг Лисабон, додека, исто така, беше именуван за "играч на натпреварот'.[12]

На 11 ноември 2014 година, тој го продолжи договорот со Бенфика до 30 јуни 2018 година и се постави клаузула за ослободување од 35 милиони евра.[13] На 30 септември 2015 година, Гајтан го постигна првиот гол, а подоцна асистираше за вториот гол во победата над Атлетико Мадрид со (1-2) во Лигата на Шампионите.[14] На 9 декември 2015 година, тој потпиша подобрен договор до јуни 2019 година, со зголемување на клаузула за негово ослободување до 45 милиони евра .[15][16] По завршување на сезоната 2015-2016, тој одлучи да се пресели на Висенте Калдерон во тимот на Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид

уреди

На 16 јуни 2016 година, Бенфика и Атлетико Мадрид се договорија за трансферот на Гајтан за 25 милиони евра, со тоа што договорот да биде потпишан по медицински прегледи во јули.[17][18][19] Неговата официјална презентација се одржа на 19 јули на Висенте Калдерон стадионот .[20]

Репрезентативна кариера

уреди

Гајтан го направи своето репрезентативно деби за Аргентина на 30 септември 2009 година, како замена на резултат од 2-0 во победата против Гана,[21] а првиот свој старт тој го направи во победа против Костарика на 26 јануари следната година.[22] За време на мандатот на Серхио Батиста, тој забележа три настапи против Костарика,[23] Нигерија[24] и Полска.[25] Со Сабела, Гајтан не беше во изборот на тимот, но со именувањето на Херардо Мартино, тој се врати по 2-годишно отсуство, играјќи ги последните минути, откако го замени Серхио Агуеро на 3 септември 2014 година во победата против фудбалската репрезентација на Германија.[26]

Наводи

уреди
  1. „Nicolás Gaitán“. The Elastico. 29 December 2011. Архивирано од изворникот на 2013-12-14. Посетено на 10 October 2013.
  2. „Ficha Tecnica Nicolas Gaitan“. Taringa.net. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 12 September 2014.
  3. „It was all very easy“ (шпански). ESPN FC. 31 August 2008. Посетено на 10 October 2013.
  4. „Newells 2 Boca 4 – Apertura 2008“ (шпански). Taringa. 25 September 2008. Архивирано од изворникот на 2013-12-13. Посетено на 10 October 2013.
  5. „Announcement“ (PDF) (португалски). CMVM. 3 May 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-07-30. Посетено на 3 May 2010.
  6. „Why Benfica's Nicolas Gaitan is more complete than Real Madrid's Angel Di Maria, but still too expensive for Manchester United“. Goal.com. 22 November 2011. Посетено на 10 June 2012.
  7. „Gaitan – I Liga 2010/2011 breakthrough player“. Ser Benfiquista. 1 July 2011. Посетено на 8 July 2014.
  8. „Gaitán is king of assists in Champions“ (португалски). SAPO. 16 February 2012. Посетено на 8 July 2014.
  9. „Benfica complete treble“. PortuGOAL. 18 May 2014. Архивирано од изворникот на 2014-05-19. Посетено на 19 May 2014.
  10. „In-demand Gaitan content with life at Benfica“. FourFourTwo. 24 December 2013. Посетено на 8 July 2014.
  11. „Benfica wins with yet another "work of art" by Gaitán“ (португалски). SAPO. 2 March 2014. Посетено на 8 July 2014.
  12. „Nico Gaitán eleito "Man of the Match" do Benfica – Sporting“. SL Benfica (португалски). 31 August 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 12 September 2014.
  13. „Nico Gaitán renewed contract with SL Benfica until 2018“. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 2017-05-10.
  14. Walker, Joseph (30 September 2015). „How Benfica beat Atlético Madrid“. UEFA.com. Посетено на 1 October 2015.
  15. „Nicolas Gaitan signs new Benfica deal to end Man United transfer speculation“. ESPN FC. 10 December 2015. Посетено на 10 December 2015.
  16. "Estou num dos melhores Clubes da Europa". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-05-10.
  17. „Gaitán transferido“ [Gaitán transferred]. S.L. Benfica (португалски). 16 June 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-16. Посетено на 16 June 2016.
  18. „Agreement with Benfica for the transfer of Gaitán“. Club Atlético de Madrid. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
  19. „Nicolas Gaitan set to join Atletico Madrid from Benfica“. ESPN FC. 16 June 2016. Посетено на 16 June 2016.
  20. „Gaitán, presentado como rojiblanco“ [Gaitán presented as rojiblanco]. Atlético Madrid (шпански). 19 July 2016. Посетено на 19 July 2016.
  21. „Con goles de Palermo, y el debut de Pulguita, Argentina "Ghanó" 2 a 0“. tucumanalas7.com.ar. 1 October 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 12 September 2014.
  22. „Na volta de Maradona, Argentina sofre para vencer juvenis da Costa Rica“. copadomundo.uol.com.br. 27 January 2010. Посетено на 12 September 2014.
  23. „Sem Messi mas com Gaitán, Argentina empata na Costa Rica (0-0)“. MaisFutebol.com. 30 March 2011. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 12 September 2014.
  24. „Argentina goleada (4-1) pela Nigéria com Belluschi e Gaitán no onze inicial“. Jornal Noticias. 1 June 2011. Посетено на 12 September 2014.[мртва врска]
  25. „Argentina, com Belluschi e Gaitán, volta a perder“. MaisFutebol. 5 June 2011. Архивирано од изворникот на 2014-10-31. Посетено на 12 September 2014.
  26. „DFB-Team kann di Maria nicht bremsen“. kicker.de (германски). 3 September 2014. Посетено на 12 September 2014.

Надворешни врски

уреди