Маркомир
Маркомир (или Маркомер) бил крал на Франките, припадници на племето Ампсиварии и на Хатите на крајот на 4 век.
Заедно со брат му Сунон, многупати ја напаѓал римската провинција Германија, особено кај Келн помеѓу 380-390. Во 388, тој разменил заложници и склучил примирје со римскиот генерал Арбогаст. Во 392, ја бранел својата територија борејќи се против истиот тој генерал Арбогаст. Во 400, бил протеран во Етрурија од страна на генералот Стиликон.
Историја
уреди- "Историјата" на Сулпис Александар. Епизодата се одиграла помеѓу 384 и 388 за време на владеењето на Максим.
[...] Во тоа време Франките чии војводи им беа Генобавд, Маркомир и Сунон нападнаа во Германија и кога ја освоија границата, многумина смртници беа масакрирани ; тие ги опустошија најплодните земји и направија паника во Келн. Кога веста стигна во Трир, Нанин и Квентин, водачот на војниците, кому Максим му го доверил својот син кој сè уште бил дете и одбраната против Галите, кренаа војска и се собраа кај Келн. (...) На Римјаните им беше лесно да се пресметаат со нив и многу Франки беа масакрирани во Шарбониер.
- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 388 малку по смртта на Виктор, синот на императорот Максим
Неколку дена подоцна, кога Маркомир и Сунон беа кај кралски личности на Франките, краток состанок се одржа и беа побарани заложници како што беше обичај, потоа Арбогаст дојде да презими во Трир.
- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 392 за време на владеењето на Валентинијан II.
Истата година Арбогаст гонејќи ги (...) Сунон и Маркомир, кралеви на Франките, среде зима го освои Келн (...). Тој крена војска, ја помина Рајна и ја опустоши земјата на Бруктерите кои живееја најблиску до брегот и земјата на Хамавите без да сретне никој освен еден мал број Ампсиварии и Хати кои под команда на Маркомир се појавиле на оддалечените врвови на ридовите.
Подоцнежна генеалогија
уредиСпоред авторот на Liber Historiae Francorum, Маркомир би бил татко на Фарамонд, кој пак би бил таткото на Хлодион Долгокосиот. Оваа генеалогија, напишана повеќе од 330 години после настаните, современите историчари ја сметаат за измислена.
Извори
уреди- Историјата на Сулпис Александар цитирана во Историја на Франките од Григориј Турски (Книга 2, поглавје 9).
- За Маркомир не постои ниеден друг историски извор.
[[Категорија:Јован Зонара