Сунон или Суно бил крал на Франките на крајот на 4 век. Заедно со брат му Маркомир, многупати ја напаѓал римската провинција Германија особено Келн помеѓу 380-390. Во 388, разменил заложници во замена за примирје со римскиот генерал Арбогаст. Во 392, ја бранел својата територија борејќи се против истиот тој генерал Арбогаст. Во 400, по заробувањето на неговиот брат од страна на генералот Стиликон, со својата војска навлегол во Галија. Малку подоцна бил убиен од страна на неговите војници.

Историја

уреди

- "Историјата" на Сулпис Александар. Епизодата се одиграла помеѓу 384 и 388 за време на владеењето на Максим.

[...] Во тоа време Франките чии војводи им беа Генобавд, Маркомир и Сунон нападнаа во Германија и кога ја освоија границата, многумина смртници беа масакрирани ; тие ги опустошија најплодните земји и направија паника во Келн. Кога веста стигна во Трир, Нанин и Квентин, водачот на војниците, кому Максим му го доверил својот син кој сè уште бил дете и одбраната против Галите, кренаа војска и се собраа кај Келн. (...) На Римјаните им беше лесно да се пресметаат со нив и многу Франки беа масакрирани во Шарбониер.


- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 388 малку по смртта на Виктор, синот на императорот Максим

Неколку дена подоцна, кога Маркомир и Сунон беа кај кралски личности на Франките, краток состанок се оддржа и беа побарани заложници како што беше обичај, потоа Арбогаст дојде да презими во Трир.


- "Историја" од Сулпис Александар. Епизодата се одиграла во 392 за време на владеењето на Валентинијан II.

Истата година Арбогаст гонејќи ги (...) Сунон и Маркомир, кралеви на Франките, среде зима го освои Келн (...). Тој крена војска, ја помина Рајна и ја опустоши земјата на Бруктерите кои живееја најблиску до брегот и земјата на Хамавите без да сретне никој освен еден мал број Ампсиварии и Хати кои под команда на Маркомир се појавиле на оддалечените врвови на ридовите.


Извори

уреди
  • Историјата на Сулпис Александар цитирана во Историја на Франките од Григориј Турски (Книга 2, поглавје 9).
  • За Маркомир не постои ниеден друг историски извор.