Манчо Димевски
Манчо Тиков Димевски ( 1925 во Филиповци, Кратовско — 1945 во Љубљана, Словенија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Манчо Димевски | ||
Роден | 1925 година Филиповци, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | мај, 1945 година Ранет во битка во близина на Гнилане, па пренесен во Љубљанската болница на лекување, каде ѝ починал. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнува од ситно сопственичко земјоделско семејство. Како и многу негови врсници уште од детство чувал стока и работел земјоделски работи. Тешко ја поднесувал окупацијата и честопати бил малтретиран од бугарските окупаторски власти. По ослободувањето на Кратово, на 6 септември 1944 година, стапил во редовите на Месната команда во Кратово, а подоцна се придружил на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Го следел борбениот пат на бригадата сè до мај 1945 година. Особено се истакнал во борбите за ослободување на Криви Камен, Длабочица, Сув Ора, Челопек и борбите околу Прешево и Гнилане. Последната борба што ја водел, била во текот на мај 1945 година крај местото Каменица-Гниланско со остатоците од балистичките банди, во која бил тешко ранет. Бил упатен на лекување во болница во Љубљана. И покрај укажаната лекарска помош, кон крајот на мај 1945 година подлегнал на здобиените рани.[1]