Поречки манастир

манастир во Македонија

Поречки манастир — манастирски комплекс над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод[1], во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година. Потоа е отворено и првото училиште во овој крај во кое доаѓале ученици од повеќе поречки села. Учители биле црковните свештеници. Манастирот станал културен центар во овој крај.[2]

Поречки манастир
Поглед кон целиот комплекс
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан12 век
Посветен наРождеството на Пресвета Богородица
ЕпархијаДебарско-кичевска
Цркви„Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
ИгуменБенедикт
Место
Местосело Горни Манастирец, Македонски Брод, Македонија Македонија
Координати41°37′34.3″N 21°11′39.2″E / 41.626194° СГШ; 21.194222° ИГД / 41.626194; 21.194222
Видливи остатоци1 црква, конаци
Отворен за јавностада
Други информации(Бродска парохија)

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22 јули 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

Настојател на манастирот е монахот Бенедикт Божиноски.

Манастирот бил значаен духовен и книжевен црковен центар во минатото. Најновите научни истражувања сведочат дека овој манастир не е од 19-ти век, како што досега се мислеше, туку тој датира од 12-от век, ако не и порано. Историчарот Иван Снегаров, запишал дека „нема никакви сведоштва за времето кога бил основан, но селото Манастирец, како и соседното село Калуѓерец, кои постоеле во 14-от век, говорат за неговата ста­рост“.[3] Не може селото да се викало Манастирец, а да немало претходно манастир, ниту Калуѓерец, а да немало калуѓери.[4]

Црква

уреди

Главната манастриска црква која е единствена во комплексот е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица. До скоро се сметало дека манастирот потекнува од 18 век, но Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, тука се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, кој претставува нов момент за значењето на манастирот од историски аспект.

Книжевен центар

уреди

Поречкиот манастир во средновековието претставувал книжевен и просветен центар во Порече и пошироко. Таму учените монаси пишувале и препишувале книги со библиска и богослужбена содржина, како и преводи на некои светоотечки дела, слова и поуки. Оттаму биле снабдувани со богослужбени книги и со друга потребна литература и селските цркви во педесетината села низ Порече. Преданието сведочи дека 40 коњски товари со книги се однесени од манастирот кон Цариград. Каде завршило тоа книжевно богатство, не се знае.

Како потврда за книжевното богатство на манастирот и на Порече, може да послужат и четирите најзначајни сведоци пронајдени во овој крај:

  • Празничен минеј на дјак Добре од село Калуѓерец, ракопис од 14-ти век, пишуван во периодот од 1371-1395 година;[5]

Во овој Поречки манастир, бегајќи од безбожничкиот режим на Совет­ска Русија, во 1917 година нашле прибежиште 20 руски монаси. Последниот од нив бил јеромонах Инокентиј.

Манстирот се посведочил како книжевен и просветен центар и во поново време. Од 1947 до 1957 година, во конаците на манастирот, работело основно училиште, во кое со образование се здобиле над 850 деца од Поречието. Но и претходно, во 18-от и 19-от век и во времето на преродбата и просвети­телство, во манас­тир­ските конаци работело ќелијно училиште, во кое монасите, како први наши учители, ги образувале и воспитувале децата.

Конаци

уреди

Во манастирскиот комплекс постојат два конака. Едниот постариот е во руинирана сосотојба, докека поновиот е изграден во поново време и служи како дом на монахот и за посетителите.

Спомен-костурница

уреди

До манастирскиот компкес постои спомен-костурница на загинатите поречани во Масакрот кај Дервишка Нива од страна на бугарските злосторници.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Милојевић, М.С. (1881). Наши манастири и калуђерство (српски). Белград: Штампарија код „Св. Саве“.
  2. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  3. Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия-патриаршия отъ падането ѝ подъ турцитѣ до нейното унищожение (1394–1767), Софија 1932 (1995), 450.
  4. Д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон, РАЗВОЈ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОРЕЧЕ rrgrozdanoski.mk Архивирано на 13 септември 2010 г.
  5. Во ова дело се спомнува кралот Марко, селото Калуѓерец и Порече. Ракописот и припаѓал на збирката на А. Гилфердинг, бр. 4. Денес се чува во Хлудовата збирка (Хлуд.164). Содржи 184 листа (280 х 215 мм). Напишан е на пергамент и хартија (л.18). Вкоричувањето е од 19-от век, кога е правено вкоричувањето на Хлудовата збирка. Ракописот е пишуван со писмо на ситен полуустав, во две колони. Во него има и украси во византиски геометриско-растителен стил со киновар и црно мастило. Овие украси ги има во почетокот на секој месец. Неговата содржина ги опфаќа службите за цела година, за неподвижните празници (л.1а-170б) и Цветниот триод (л.171а-184б). Службите во овој препис се поставени и запишани според Студискиот типик. Ракописот претставува богата колекција на оригинални старомакедонски химногравски творби. Меѓу нив се особено значајните: Канон за свети Димитриј Солунски, којшто се смета за творба на нашиот првоучител и просветител свети Методиј Солунски (канонот е запишан под дата 26 октомври, на л.16б-18а во ракописот), како и Циклусот стихири за претпразничност на Богојавление, во азбучен акростих (запишани на л.105а) и Канонот за Богојавление, во акростих на фразите, од свети Климент Охридски (запишан во ракописот на л.110а-113а, на 6 јануари); дел од Канонот за свети Симеон Богопримец, од свети Климент Охридски, со акростих (запишан под дата: 3 јануари, на л.128б-129б), па Канонот за Успение на Богородица, од свети Климент Охридски, со акростих (забележан на 15 август, на л.166а-168б), како и Службата за свети Кирил Филозоф (на 14 февруари, на л.131а-132б), па Канон за свети Ахил Лариски (на 15 мај, л.143а-144а) и циклусот азбучни стихири за претпразничност на Рождество Христово(на л.84а-89б) и Канон за Рождество Христово, од Константин Преславски, со акростих, според првите букви од стиховите (запишан на 25 декември, на л.94б-99а). Во овој ракопис се наоѓа и Канонот на светите апостоли Петар и Павле (запишан на 29 јуни), којшто е познат од најстарите словенски минеи со глаголски препис од ракопис во збирката на синајскиот манастир „Света Екатерина“. Тоа значи дека овој ракопис е препишуван од автентични глаголски преписи, а содржи и значајни оригинални богослужбени химногравски творби. Svetlina Nikolova, Marix Jov=ea. Tanx Popova, Lora Taseva, Bqlgarskoto srednovekovno kulturno nasledstvo v sbirkata na Aleksej Hludov v Dqr/avnix istori=eski muzej v Moskva, Sofix 1999, 46-47.
  6. Четвороевангелието е пишувано на хартија, на 270 листови, со димензии од 220 х 160 мм, а текстот е во димензии 150 х 95 мм, со 21-25 редови на лист. Ракописот го препишал некојси Герман, којшто се потпишал како „грешни Герман“. Овој негов потпис го среќаваме на две места во ракописот. Тој не напишал никакви податоци за времето и за местото каде што го препишувал ова Евангелие. Но, според палеографските обележја и водените знаци, може да се определи дека ракописот е пишуван во средината на 16-от век. Овој ракопис го истражувал академикот протоереј-ставрофор Владимир Мошин и ги разработувал водените знаци во него, па го датирал до 1550 година. Најкарактеристичен воден знак во овој ракопис е двојна котва во круг со ѕвезда. Преписот е пишуван со полууставно писмо, со средна големина и со забележлива индивидуалност од пишувачот. Тој не следи некоја позната традиција на големите препишувачки центри и затоа се заклучува дека ова дело е препишувано во некој периферен препишувачки центар. Изразената индивидуалност на препишувачот се искажала и во бројната употреба на дијалекти. Побројна е употребата на буквата „зело“, место „земја“, каков што е дијалектот и денес во Порече, каде што се вели : „ѕемна“, место „земја“, од што произлегло и „изѕемна“, место „настина“, односно - постана ладен како земја или изразот „ноѕе“, место „нозе“ итн. Се забележува и неправилно употребување на падежите, што сведочи дека е пишувано во крај и област каде што се говори без падежи, а тоа значи во Македонија, во Порече. Местото на преписот од Евангелието се определува и според спомнатите села Грешница и Локвица, кои се едно до друго и се наоѓаат во Порече. На лист 70 стои запишано: Vw selw Gre{nica da se Znaet} Ï Kwstadina Vargelia, а на лист 262 е запишано следново: selw Gre{nica da se.. selw Lokvica Kwstadinq Vargelia i da gri`$e. До 19-от век Евангелието се наоѓало во Порече, а потоа е однесено во Битола, од каде што во текот на Втората светска војна, поточно во 1942 година, е земено и однесено во Белград. Љубица Штављанин - еви˚ , Мирослава™ор Грозданови˚-Паји˚, Луција Церни˚, Опис ˚ирилских рукописа Народне библиотеке Србије, књига прва, Београд 1986, 122-123.
  7. Поречкиот октоих - петогласник, од 15 век, се чува во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, под сигнатура НУБ 168. На почетокот од ракописот - на листот - л.3б е запишано: „Ï pore~e Ï selo ben~e “.
  8. Бенческото четвороевангелие е ракопис - препис направен во почетокот на XVI век. Ракописот е најден во с. Бенче, па затоа се нарекува Бенческо четвороевангелие. Четвороевангелието погрешно е именувано како Бенчевско, со „в“, а треба да биде без „в“ - бенческо, бидејќи селото се вика Бенче, а не Бенчево и наставката „ско“ се додава без „в“. Се чува во НУБ „Свети Климент Охридски“ Скопје (НУБ Мс 167). Пишувано е во македонска безјусова редакција. Во него има и прекрасни цртежни минијатури на евангелистите. Пишувано е на хартија и содржи 360 листови со димензии 21, 5 X 15 см. Хартијата е дебела. Има по 18 реда на страница, а текстот е пишуван во една колона, со убаво полууставно писмо. Правописот е дворов со ресавски принципи. Големиот ер обично се употребува во предлозите и претставките, а малиот на крајот. Употребен е феноменот ѕ. Од интерпункциските знаци употребена е точката и запирката. Насловите и почетните букви се напишани со црвено мастило, а останатиот текст со црно. Евангелието има богата орнаментика. На почетокот од секое Евангелие има нацртано минијатура - иконографска претставеност на евангелистите (Матеј, Марко, Лука и на Јован). Минијатурите се изработени со врвна мајсторска прецизност и имаат голема уметничка вредност. Освен четирите иконографски минијатури, на листовите по нив се претставени големи правоаголни знаменца со преплети и флорани елементи во неовизантиски и балкански стил, а се среќаваат и помали знаменца, со преплет или со кругови и преплет. Во ракописот има и два водени знака: кардиналска шапка и камбана. Корицата е од дрво - штици, обложени со орнаментирана кожа, во која на средината има орнаментиран крст со постамент. Содржината на Четвороевангелието е текстот од четирите канонски евангелија: според Матеј, Марко, Лука и Јован, со предговор од блажени Теофилакт, архиепископ Охридски, пред секое Евангелие. На почетокот има „Правило како се чита Четвороевангелието во ќелија“. На крајот има распоред на евангелските четива за сите денови през годината и за сите празници. А има и месецословна подреденост на евангелијата. Најпосле ставен е и распоред за евангелските четива за различни потреби. Ракописот завршува со укажувања како се чита Евангелието во Великата (Страсна) седмица. Бенчевското четвороевангелие завршува со записи од авторот на ракописот. Михајло Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн. 5, Скопје 1993, 18 - 19.

Литература

уреди
  • Поречки манатир у селу Манастирцу у Македонији (о архитектури, програму и стилским одликама новооткривених фресака), - Мирјана М. Машнић [1] Архивирано на 30 октомври 2011 г. (српски)
  • Македонски наученъ институтъ, История на Охридската архиепископия-патриаршия отъ падането ѝ подъ турцитѣ до нейното унищожение (1394–1767 г.), отъ Иванъ Снѣгаровъ, Изв. проф. въ Богосл. факултетъ при Соф. университетъ. София — Печатница П. Глушковъ — 1932. Второ фототипно издание. Академично издателство Проф. Марин Дринов, София, 1995 promacedonia.org (бугарски)
  • ПОРЕЧКИ ОКТОИХ ПЕТОГЛАСНИК ОД 5-7 ВЕК, ОД СРЕДИНАТА НА 15 ВЕК СО ДОПОЛНЕНИЕ ОД СРЕДИНАТА НА 16 ВЕК Т.Е. ОД 1574 год nubsk.edu.mk Архивирано на 23 јануари 2012 г.

Надворешни врски

уреди