Спомен-костурница
Спомен-костурниците претставуваат специфичен вид објекти, кои во својата структура обединуваат формално-обликовни искуства од црковното градителство, но надградено во естетска смисла со слободно протолкувани елементи што придонесуваат за нивната симболична содржина. Тие претставуваат посебен вид капели-цркви-гробници, во кои се положени коски на паднати војници или на цивили што биле жртви на одредени воени дејства.
Во Македонија почнуваат да се градат во периодот меѓу двете светски војни (1919-1940), кога имале функција на афирмација на големосрпската национална компонента на новосоздадената држава, преку која се искажувале отворените аспирации за целосно владеење со македонскиот духовен простор.
Како тип објекти, својата афирмација ја доживуваат по завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, кога се применувани во подолг временски период како омилено средство за глорификација на одредени историски настани сврзани за НОБ. Како дела на новите времиња, најчесто се во корелација со современите текови на ликовната монументална уметност.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонска Енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1406. ISBN 978-608-203-023-4.