Манастириште (Костинци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Манастириште“
| |
Местоположба | 41°30′6″N 21°24′24″E / 41.50167° СГШ; 21.40667° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Костинци |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | непознат период |
Портал „Археологија“ |
Манастириште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Костинци. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека северозападно од селото, во близина на железничката пруга се забележуваат остатоци од градба. По површината на земјата видливи се тули, бигорски и обични градежни камења, како и остатоци од фрески. Во 1933 година тука била откопана и плоча со релјефи. За време на Втората светска војна голем број од пронајдените артефакти биле однесени во Бугарија од страна на бугарските војници. Во близина се наоѓа и неистражената некропола Капина.[1]
Поврзано
уреди- Дуња — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Капина — некропола од непознат период;
- Костинци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
уреди- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |