Мала Скитија (римска провинција)

Мала Скитија (латински: Scythia Minor; грчки: Μικρά Σκυθία, Микра Скитиа) ― римска провинција во доцната антика, која била сместена во земјите меѓу Дунав и Црното Море, денешна Добруџа поделена меѓу Романија и Бугарија.[1][2] Била одвоена од Долна Мизија од страна на императорот Диоклецијан за да образува посебна провинција некаде помеѓу 286 и 293 година.[3] Главен град на провинцијата бил Томис (денешна Констанца).[1] Провинцијата престанала да постои околу 679–681 година, кога регионот бил совладан од Прабугарите, што императорот Константин IV бил принуден да ја признае бугарската држава во 681 година.[4]

Провинција Мала Скитија
Scythia Minor
Μικρά Σκυθία
Провинција на Римската Империја

околу 290–околу 680
Местоположба на Мала Скитија
Местоположба на Мала Скитија
Поголеми градови и колонии во Мала Скитија. Околу 1 година
Главен град Томис
Историски период Доцна антика
 -  Реформи на Диоклецијан околу 290
 -  Падот на дунавските тврдини (лимес) 7 век
 -  Бугарско освојување околу 680
Денес во

Според делата „Laterculus Veronensis“ од ок. 314 и „Notitia Dignitatum“ од ок. 400, Скитија припаѓала на Диецезата Тракија. Нејзиниот управник ја имал титулата прес, а неговиот дукс командувал со две легии, I Јупитерова легија и II Херкулова легија.[2] Службата на дуксот била заменета со онаа на воен квестор (quaestor exercitus), која опфаќала поширока област, во 536 година.[5]

Домородното население во Мала Скитија било дакиско и нивната материјална култура е очигледна археолошка во шестиот век. Пронајдени се и римски вили. Градовите биле или од старогрчки темели на брегот (како Томис) или од понови римски темели на Дунав.[1] Римските утврдувања главно датираат од Тетрархијата или Константиновата династија. Биле направени значителни поправки за време на императорите Анастасиј I и Јустинијан I, кои на провинцијата и доделиле фискален имунитет. До петтиот век, повеќето трупи стационирани во Скитија биле федерати од германско, турско, хунско или (можеби) словенско потекло. Тие биле постојан извор на тензии во провинцијата.[2]

Христијанството процветало во Скитија во петтиот и шестиот век. Пронајдени се бројни христијански натписи.[1] Веќе во четвртиот век таму има докази за маченички култови. Црквите обично имаа крипти со реликвии.[2] Неколку истакнати теолози потекнуваат од Скитија, меѓу кои Јован Касијан, Дионисиј Егзигус и скитските монаси.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Kazhdan 1991.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Rizos 2018.
  3. Zahariade 2017, стр. 509–510.
  4. Zahariade 2006, стр. 236.
  5. Wiewiorowski 2008, стр. 11.

Библиографија

уреди
  • Kazhdan, Alexander (1991). „Scythia Minor“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8. 
  •  Rizos, Efthymios (2018). „Scythia Minor“. Во Николсон, Оливер (уред.). The Oxford Dictionary of Late Antiquity. Оксфорд: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-866277-8.
  • Wiewiorowski, Jacek (2008). „Duces of Scythia Minor: A Prosopographical Study“. Xenia Posnaniensia. Monografie Vol. Viii, Poznań 2008, Pp. 93, Isbn 978-83-60251-15-7. Poznán.
  • Zahariade, Mihail (2006). Scythia Minor: A History of a Later Roman Province (284–681). Hakkert.
  • Zahariade, Mihail (2017). „The Scythian Section of Notitia Dignitatum: A Structural and Chronological Analysis“. Во Nick Hodgson; Paul Bidwell; Judith Schachtmann (уред.). Roman Frontier Studies 2009: Proceedings of the XXI International Congress of Roman Frontier Studies (Limes Congress) held at Newcastle upon Tyne in August 2009. Archaeopress. стр. 509–518.