Малајска мечка
Малајска (сончева) мечка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Helarctos |
Научен назив | |
Helarctos malayanus (Raffles, 1821) |
Малајска или сончева мечка (Helarctos malayanus) е мечка која ја среќаваме во тропските дождовни шуми на југоисточна Азија од јужна Кина до Индонезија, североисток на Индија и Бангладеш.
Физички одлики
уредиМалајската мечка е најмалиот член на семејството мечки со големина од само 1,2 метри и тежина од 65 килограми. Мажјаците се 10-45% поголеми од женките[2]. Овие мечки имаат широки шепи и заоблени канџи кои веројатно им помагаат при качувањето на дрва. Стапалата им се малки свртени навнатре поради што имаат од сличен на одот на гулабите. Малајската мечка има специфично долк јазик од 20-25 сантиметри кој го користи за да јаде мед директно од пчелината кошница[3].
За разлика од другите мечки, крзното им е доста кратко. Оваа адаптација е поради климата во регионите каде што живеат. Крзното им е со кафеава или црна боја, освен на градите каде имаат портокалово-жолт белег во облик на потковица. Крзно со слична боја може да се сретне и на муцката или околу очите.
Исхрана
уредиМалајските мечки се хранат со мали ’рбетници како гуштери, птици и цицачи, но и овошје, јајца, термити, листови од палма, птичји гнезда, инсекти, корења, кокосов орев ... Можат да кршат ореви со силната вилица. Овие мечки храната ја детектираат употребувајќи го својот мирис, бидејќи видот им е доста слаб.
Однесување
уреди
Малајската мечка не хибернира, и како резултат на тоа може да се размножува преку целата година. Најчесто раѓа по две младенчиња кои тежат 280-340г. Бременоста трае околу 96 дена, а доењето трае до осумнаесеттиот месец. Младите достигнуваат полова зрелост после 3-4 години. Во заробеништво живеат и до 28 години.
Бидејќи е ноќно животно, оваа мечка целиот ден го поминува одмарајќи се на ниските гранки од дрвјата. Поради тоа што ужива да седи на дрвјата понекогаш се случува да уништи дел од приватен имот, како што се плантажи на палми и какао.
Под-видови
уреди- Helarctos malayanus malayanus
- Helarctos malayanus euryspilus, кој е присутен само на островот Борнео
Опасности
уредиВозрасна малајска мечка нема други грабливци освен човекот[4]. Понекогаш се случува да биде совладана од тигри и огромни питони. Други можни грабливци се леопардот и Азиската црна мечка[5].
Намалувањето на бројот на оваа популација е последница на ловењето на таканаречените „мечки кои пречат“ односно мечки кои ги уништуваат посевите, и на ловокрадството кое е во подем поради побарувачката за нивното крзно и на нивната жолчка која се користи во Кинеската медицина.
Понекогаш овие мечки се фаќани за да бидат чувани како домашни миленици. Ова се случува поради нивното релативно неагресивно однесување и малата големина во споредба со останатите мечки[6].
Меѓународниот сојуз за заштита на природата (IUCN) го прогласи овој вид за ранлив во 2007 година[7].
Наводи
уреди- ↑ „Helarctos malayanus“. IUCN Red List. Version 2007. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 2008-05-18. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Brown, Gary (1996). Great Bear Almanac. стр. 340. ISBN 1-55821-474-7.
- ↑ Sun Bear at Arktofile
- ↑ San Diego Zoo's Animal Bytes: Sun Bear
- ↑ Fredriksson, Gabriella M. (2005). „Predation on Sun Bears by Reticulated Python in East Kalimantan, Indonesian Borneo“ (PDF). Raffles Bulletin of Zoology. 53 (1): 165–168. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-08-11. Посетено на 2008-11-07.
- ↑ Bunnell, Fred (1984). Macdonald, D (уред.). The Encyclopedia of Mammals. New York: Facts on File. стр. 97. ISBN 0-87196-871-1.
- ↑ Concern grows for the smallest bear, BBC News, accessed 2007-11-12
Надворешни врски
уреди- ARKive - слики и клипови од малајска мечка (Helarctos malayanus) Архивирано на 7 мај 2006 г.
- Woodland Park Zoo, Seattle, Washington, USA Архивирано на 9 мај 2007 г.
- San Diego Zoo