Афион

(Пренасочено од Мак)
Афион
Цвет, лист, стебло, чашка и плод на афион
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: Лутиковидни
Семејство: Афиони
Род: Афион
Вид: Опиумски афион
Научен назив
Papaver somniferum
L.
Со режењето на чашката на афионот се добива опиум

Афион или мак (поточно: опиумски афион, науч. Papaver somniferum) — растение од семејството на афионите (Papaveraceae), од кое се добива опиум и афионово семе.

Изглед

уреди

Растението има високо стебло со типичен цвет, обично еден, со бела, розова, портокалова, црвена или сина боја; на средината има темна (црна) дамка. Некои видови, кои се одгледуваат повеќе години, имаат и други бои, од еднобојни темни видови до нежни, пастелни нијанси. Средината на цветот има кривулести прашници опкружени со низа од четири до шест тркалезни или пердувести цветни ливчиња. Поленот на ориенталниот афион (Papaver orientale) има темносина боја, додека поленот на полскиот афион (Papaver rhoeas) е од темносина до сива боја. Пчелите ги користат цветовите на афионот како извор на полен.

Симболизам

уреди

Долго време афионот бил користен како симбол на сонот и смртта. На сонот, поради опиумот кој се добива со екстракција од неговата чашка, а на смртта поради крваво црвената боја на неговиот цвет. Во грчко-римските митови афионот е користен како дар за мртвите, а бил користен како амблем на надгробните споменици за да го означи вечниот сон. Другото значење на афионот во грчко-римската митологија е симболизирање на ветувањето за воскресение после смртта, поради светлoцрвената боја.

Употреба

уреди

Семето на белио афион припаѓа на индискиот вид и се додава на јадењата заради нивно згуснување и арома. Меленото семе од афион, заедно со кокосово брашно, се комбинира како смеса која се додава на крајот од приготвувањето на јадењата. Бидејќи е многу тешко да се сомеле сурово афионово семе, тоа се потпечува на суво, а потоа се толчи или се меша со вода за да се добие доследна смеса во вид на тесто.

Семето од опиумскиот афион (Papaver somniferum) се користи во многу делови на централна и источна Европа. Зашеќерените, сомелени зрна се јадат со тестенини или се варат со млеко и се користат за полнење или прелив на разни видови слатки теста. Мелењето на зрелите зрна се изведува индустриски или дома, со дибек, аван или со рачен млин.

Афионот се користи за медицински цели, односно добивање лекови за смирување врз основа на опијатските состојки на растението, како што се морфинот и кодеинот.

Производство

уреди

Поради специфичноста на растението од кое, со режење на чашката, се добиваат опијати (опиум), во најголем број држави во светот одгледувањето афион е контролирано и е забрането самостојното режење, односно тоа исто така се изведува контролирано и под строг надзор на соодветни служби.

Нелегалната меѓународна трговија со семе од афион е регулирана со резолуција на Обединетите нации од 28 јули 1998 година.

Најголеми производители на афион за медицински потреби во светот се Австралија, Турција и Индија. Порано (од 1835 година) тој се произведувал и во Македонија,[1] за што сведочи и тоа што се наоѓа на македонскиот грб. Така, во периодот од 1963 до 1972 година кај нас биле засеани 1.693 хектари со афион.[2]. Во поново време, афион се одгледува во Македонија, согласно закон и пријавени насади кај фармацевтските компании.

Макот како тема во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонскиот опиум бил најбаран и се извезувал во цел свет – еве зошто престанало производството 2013-07-05. Извор: Владан Јовановиќ, „Македонски опиум: за финансиските и политичките размери на феноменот (1918-1941)“ XVI/3, Белград, 2009, стр 69-79.
  2. Враќање на традиционалните земјоделски култури, Дневник
  3. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 97.
  4. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 144-148.
  5. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 230-232.

Надворешни врски

уреди