Лутиковидни
Nigella damascena
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Цветни растенија
Ред: Лутиковидни
Dumortier
Фамилии

Во текстот.

Лутиковидните (науч. Ranunculales) се ред на цветни растенија од групата на вистински дикотиледони (Eudicotyledonae).

Лутиковидните се монофилетски таксон. Повеќето претставници од овој ред се тревни растенија. Кај нив се присутни голем број на алкалоиди, како берберин, ранункулин и др. Листовите се прости (назабени или целокрајни) и сложени. Цветовите се хипогински (прашниците, чашкините и венечните ливчиња се издигнуваат од под плодникот). Сите цветни елементи се слободни, со многубројни прашници. Семето содржи ситни ембриони чиј ендосперм е богат со вода.

Систематика

уреди

Според најновите молекуларни истражувања, овој ред опфаќа 7 фамилии со приближно околу 3490 видови:

APG го допушта и можното приклучување на фамилијата Kingdoniaceae од Circaeasteraceae, како и на фамилиите Fumariaceae и Pteridophyllaceae од Papaveraceae.