Маврангели
Маврангели (грчки: Μαυραγγέλι, книжевно: Μαυραγγέλιον, Маврангелион) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Маврангели Μαυραγγέλι | |
---|---|
Координати: 40°32′N 22°22′E / 40.533° СГШ; 22.367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало на три километри северозападно од селото Мелик.[1]
Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.
Историја
уредиВеројатно се работело за мала чифлигарска или сточарска населба, во близина на Мелик.[1]
Селото во 1918 година станало дел од општината Мелик. Во 1928 година, селото се распаднало.
Население
уредиВо пописот од 1913 година било забележано со 8, а во 1920 година со 10 жители. Оваа населба во подоцнежните пописи не се спомнува, што значи дека се распаднала.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 18.