Македонска акција - Конзервативна партија

(Пренасочено од МААК-КП)

Македонска акција - Конзервативна партија (до 1995 година - Движење за семакедонска акција - МААК, од 2016 Македонска акција)[1]политичка партија во Македонија со радикално десна и конзервативна националистичка ориентација. Претседател и водач на партијата е Страшо Ангеловски[2].

Македонска акција -
Конзервативна Партија
MAAК
ВодачСтрашо Ангеловски
Основана1990-2002
реактивирана во 2016
ШтабСкопје, Република Македонија
Идеологијатрадиционализам,
национален конзервативизам,
ултра-национализам,
македонски иредентизам
Полит. положбарадикална десница
Европска припадностИдентитет и демократија
Боицрна, црвена, бела
Собрание
0 / 120
Општини во Македонија
0 / 80
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Главните цели и залагања на МААК-Конзервативна се обединување на Македонија, заштитна на македонските национални интереси од страна на албанските, грчките, бугарските и српските националисти, промовирање и поддршка на современиот македонски национален идентитет како продолжение и директна врска со Античките Македонци, привлекување на капитал и инвестиции од македонската дијаспора.

Иако партијата учествувала на сите изборни циклуси од воведувањето на повеќепартискиот систем во Република Македонија па сѐ до Парламентарните избори 2002 година, никогаш не успеала да освои пратеничко место и да влезе во Собранието на РМ. По воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, на собрание на раководството, партијата го менува своето име од МААК - Конзервативна Партија во МААК - Единствена Македонска Опција (МААК - ЕМО). Партијата престанува со својата политичка активност по изборите во 2002 година, кога раководството го менува Страшо Ангеловски од претседателското место на партијата и одлучува партијата целосно да се припои кон ВМРО-ДПМНЕ.

Пред одржувањето на парламентарните избори во 2016 година, партијата ја возобновила својата платформа и се приклучила во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ под името Македонска акција.[3]

Наводи

уреди
  1. Службен весник на РМ, 62/1995, 26 стр.
  2. Спасе Мирчески (1998). Алманах на Република Македонија: Хронологија 1990-1997 година. Нова Македонија.
  3. МААК повторно на политичката сцена, 24 Вести, 05.11.2016