М'Баје Нијанг (роден на 19 декември 1994 во Мелан ан Ивлин, Франција) — сенегалски фудбалер роден во Франција, напаѓач на Рен на заем од Торино.

М'Баје Нијанг
Нијанг во 2018 година
Лични податоци
Полно име М'Баје Нијанг[1]
Роден на 19 декември 1994(1994-12-19)(29 г.)
Роден во Мелан ан Ивлин, Франција
Држава Франција Франција
Сенегал Сенегал (од 2017)
Висина &100000000000001850000001,85 м[2]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Рен Рен
Број 11
Младинска кариера
2001–2003 Basse-Seine Les Mureaux
2003–2007 Поиси
2007–2010 Кан Кан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2012 Кан Кан 30 (5)
2012– Милан Милан 64 (8)
2014Монпелје Монпелје 19 (4)
2015Џенова Џенова 14 (5)
2017Вотфорд Вотфорд 11 (2)
2017- Торино Торино 26 (4)
2018-Рен Рен 3 (0)
Репрезентација
2009–2010 Франција Франција 16 6 (3)
2010–2011 Франција Франција 17 8 (0)
2011–2012 Франција Франција 21 3 (1)
2017– Сенегал Сенегал 10 (1)

Нијанг во 2011 година бил прогласен како еден од најголемите таленти во фудбалот. Своето деби го имал на 16 години за екипата на Кан. Неговиот стил на игра често се споредува со онаа на неговиот поранешен клупски колега Марио Балотели. Нијанг ја има претставувано француската репрезентација во категориите под 16, 17 и 21 година, а од 2017 година добил сенегалско државјанство и право да настапува за сенегалската репрезентација. Тој го претставувал Сенегал на Светското првенство 2018 во Русија.

Наводи

уреди
  1. „Niang, Caen n'est pas vendeur“. Mercato365 (француски). 29 June 2011. Архивирано од изворникот на 2011-08-03. Посетено на 6 September 2011.
  2. M'Baye Niang – A.C. Milan profile. acmilan.com. A.C. Milan.

Надворешни врски

уреди