Луј XIX
Крал на Франција и на Навара
Луј XIX
На престол2 август 1830 (15 или 20 минути)
6 ноември 1836 - 3 јуни 1844
ПретходникШарл X
НаследникАнри V
Почивалиште
Во Кастагнавица, Нова Горица, Словенија
Полно име
Луј Антоан д'Артуа
ДинастијаБурбони
ТаткоШарл X
МајкаМарија Тереза Савојска

Луј Антоан д'Артуа или Луј XIX (роден на 6 август 1775 во дворецот Версај - починал на 3 јуни 1844 во Горица) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Станал крал на 2 август 1830, но владеел само 20 минути. Во тоа време, во Париз избиле нереди, познати како Јулска револуција. Во овие нереди, народот барал, кралот Шарл X да абдицира, а истото да го сторат и неговите наследници, во корист на Луј-Филип. По абдикацијата на неговиот татко, Луј се мислел дали да абдицира или не. Неговата сопруга, Марија Тереза го советувала да не абдицира, но тој сепак абдицирал, во корист на војводата од Бордо. По тоа, ја напуштил земјата и никогаш повеќе не се вратил во Франција. Во егзил бил познат како „војводата од Марне“. Умрел во Горица во 1844.

Официјално го наследил Анри V.


Претходник
Шарл X
Крал на Франција
1830
Наследник
Анри V
Претходник
Шарл X
Крал на Франција
1836-1844
Наследник
Анри V