Лунка Мурешулуј
Лунка Мурешулуј (романски: Lunca Mureşului, унгарски: Székelykocsárd, германски: Holten) е општина, која се наоѓа во округот Алба, Романија и во која живеат 2.510 жители (податок од 2009). Освен центарот на комуната, кој го носи истоименото име, во комуната се наоѓа и селото Гура Арјешулуј.
Лунка Мурешулуј | |
---|---|
Општина | |
Местоположба во Романија | |
Координати: 46°26′N 23°54′E / 46.433° СГШ; 23.900° ИГД | |
Држава | Романија |
Округ | Алба |
Површина | |
• Вкупна | 31,35 км2 (1,210 ми2) |
Население (2002)[1] | |
• Вкупно | 2.669 |
• Густина | 85,14/км2 (22,050/ми2) |
Час. појас | ИВ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | ИЛВ (UTC+3) |
Географија
уредиЛунка Мурешулуј зафаќа површина од 31,35 км2 и се наоѓа на брегот на реката Муреш во североисточниот дел од округот Алба, на околу 10 km од градот Окна Муреш, околу 20 km од градовите Кемпија Турциј и Лудуш и 60 km од окружниот главенн град, Алба Јулија.
Се граничи со округот Клуж на север, округот Муреш на северозапад, градот Окна Муреш на запад и комуната Ношлак на југ.
Лунка Мурешуј има големо географско значење, бидејќи на нејзина територија реката Арјеш се влева во реката Муреш.
Демографија
уредиВо табелата се дадени промени во бројот и етничкиот состав на населението во комуната.
Број на население | Етнички состав | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Население | Романци | Унгарци | Германци | други | |||
1850 | 1.631 | 807 | 635 | - | 189 | |||
1900 | 2.134 | 990 | 1.138 | 6 | - | |||
1977 | 2.821 | 1.702 | 1.042 | - | 77 | |||
2002 | 2.669 | 1.719 | 755 | - | 195 |
Најголем број на население било регистрирано во 1977 година. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Романци и Унгарци, а од 1880 година биле регистрирани и 9 Германци, двајца Срби, еден Словак и еден Украинец.[2]
Наводи
уреди- ↑ (романски) Лунка Мурешулуј на Recensământ 2002
- ↑ Број на население, најнови вести, 30 октомври 2008, стр. 107 Архивирано на 22 мај 2011 г. (унгарски)
Оваа статија поврзана со Романија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |