Филозофски истражувања
Филозофски истражувања (германски: Philosophische Untersuchungen; англиски: Philosophical Investigations) е дело на филозофот Лудвиг Витгенштајн, објавено, посмртно, во 1953. Во него, Витгенштајн расправа за најразлични проблеми и загатки од полето на семантиката, логиката, филозофија на математиката, филозофија на псхиологијата и филозофија на умот. Главното тврдење во книгата е идејата дека повеќето поимни нејасности околу јазикот и неговата употреба се коренот на повеќето филозофски проблеми, противречејќи и оспорувајќи голем дел од изложеното во неговото прво дело Логичко-филозофски трактат (1921).
Податотека:Philosophical Investigations, first English edition.jpg Насловната од првото англиски издание | |
Автор | Лудвиг Витгенштајн |
---|---|
Изворен наслов | Philosophische Untersuchungen |
Јазик | Германски |
Предмет(и) | Филозофија на јазикот |
Издадена | 1953 |
OCLC | 954131267 |
Витгенштајн ја оспорува тезата дека повеќето проблеми подлежат на неколкумина поврзани претпоставки за природата на јазикот, кои пак претпоставуваат посебна идеја за суштината на јазикот. Тој ја отфрла оваа идеја како премногу општа. Според него, една ваква есенцијалистичка дефиниција на јазикот е претесна да ги собере сите различни нешта кои луѓето ги прават со јазикот. Книгата почнува со цитот од Августин, кој е еден од првите филозофи кои ја бранат тезата:
Секој збор означува предмет—речениците се комбинација од зборови. Кај оваа јазична претстава ја сретнуваме следнава идеја: Секој збор има значење. Ова значење е поврзано со зборот. Секој збор стои за некаков предмет.
Во остатокот од книгата тој се обидува да ги покаже недосатоците на оваа теорија, земајќи примери од историјата на филозифијата кои произлегуваат како резултат на оваа кратковидна претстава. Филозофски истражувања е доста влијателно дело, особено во аналитичката традиција на филозофија, каде многумина го сметаат за едно од најбитните дела на XX век, кое продолжува да биде проучувано од најразлични филозофи.