Филозофија на математиката
(Пренасочено од Филозофија на математика)
Филозофија на математиката — гранка на филозофијата на науката која се обидува да одговори на сите прашања врзани за основите на математиката. Сретнуваме прашања од следниов вид: дали е математиката неопходна?, зошто математиката е корисна и успешна во опишувањето на природата?, во која смисла, можеме да кажеме дека математичките ентитети постојат? и како ја одредуваме вредноста на вистинитост на еден математички исказ?.
Различните одговори на овие прашања се распределуваат во различни мисловни школи, меѓу кои најистакнати се:
- математички реализам или платонизам,
- формализмот
- логицизмот,
- интуиционизмот
- конструктивизмот.