Фестивалот „Аларм“ е најголемиот летен музички фестивал на отворено во Република Македонија кој се одржува во авто-кампот „Љубаништа“, крај Охридското Езеро.

Локација

уреди

„Аларм“ се одржува во авто-кампот „Љубаништа“ на брегот на Охридското Езеро, на 1 километар од истоименото село, на 2 километри од манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и граничниот премин кон Р. Албанија и на околу 28 километри од градот Охрид. Кампот се простира на површина од околу 10 хектари и располага со 92 стационирани камп-приколки или 400 легла, 2 бунгалови и со уште 1500 камперски единици (за поставување на шатори, приколки и др.). Изграден е во 1979 година.

Во кампот има ресторан, самопослуга, грил-киоск, спортски игралишта, санитарни јазли и др. Кампот „Љубаништа“ ја поседува најубавата песочна плажа на охридското крајбрежје, долга 1500 метри.

Според пописот од 2002 година во селото Љубаништа живеат 171 жител. Најголем дел од нив се постари лица кои живеат во горниот дел од селото каде превладуваат постари камени или реновирани куќи. Во долниот дел од селото се изградени викенд-куќи кои се користат само за одмор во летниот период. Во селото постои стара училишна зграда од времето кога во селото бројот на деца бил поголем и се изведувала настава. Денес малиот број деца од селото учат во Пештани.

Историја

уреди

Првото издание на фестивалот се одржа од 12 до 14 јули 2002 година во организација на „Литиум рекордс“ и „Мултимедија“. Учество зедоа 45 бендови и 35 диџеи од Германија, Данска, Унгарија, СР Југославија, Хрватска, Бразил, Јамајка, Велика Британија, Бугарија, Белгија, Словенија, Грција, Албанија, Косово и Македонија.

Мотото на првото издание беше "Stop making tense" („Престанете со тензијата“), истакнувајќи ја пораката на фестивалот за надминување на наметнатите стереотипи и предрасуди, конкретно на македонското поднебје, преку музиката и уметноста воопшто што се докажа и на дело. Првото издание го посетија околу 5000 „фестивалџии“ од Македонија и од соседството.

За жал второто официјално најавено издание на фестивалот кое требаше да се одржи од 13 до 15 јули 2003 година беше откажано поради недоразбирања меѓу организаторите на фестивалот и сопствениците на авто-кампот „Љубаништа“. Најавени беа Chumbawamba и Sonic Youth.

По цели осум години исчекување македонската публика повторно доби сопствен фестивал под отворено небо. Возобновениот „Аларм“, повторно во организација на „Литиум рекордс“ - Скопје, во соработка со невладината организација „Аларм за природата“ и со поддршка од повеќе спонзори, медиумски покровители и поединци се одржа од 25 до 27 јуни, 2010 година на истата локација. Пораката на фестивалот беше „Аларм за природата“, нагласувајќи ја заложбата на организаторите за поттикнување на еколошката свест кај младите. Фестивалот беше проследен со еколошки акции за чистење на охридското крајбрежје и со кампања посветена на заштитата на животната средина.

За фестивалот

уреди

Музичката програма на „Аларм“ се одржува на три сцени (главната, алтернативната и денс-сцената). Покрај тоа на фестивалот се одржуваат и театарски претстави, филмски проекции, уметнички перформанси, трибини, ликовни колонии, работилници, еколошки акции и активности на невладини организации.

Изведувачи на првото издание: Канго, Т.Б. Трачери, Суперхикс, Рамбо Амадеус (СРЈ) , Дел Арно Бенд (СРЈ), Санаториум, Ван Гог (СРЈ), UK Subs (В. Британија), Djambi (Бразил/Јамајка), Културно-уметнички работници, Корпус, Бадминтонс, Two Sides, Флукс, Лоши деца, New police state...

Изведувачи на второто издание: Zoster (БиХ), Letu Štuke (БиХ), Лет 3 (Хрватска), Bernays Propaganda, Суперхикс, Т.Б. Трачери, Мизар, Фолтин, Смат, The Glasses (Косово), Linda Në Botën E Çudirave (Албанија), Zebra Tracks (Грција), Новиот Почеток, Vibrator u rikverc (Србија), Lost Bear (Холандија), Ристо Гушиќ - Рила & Friends (БиХ/Македонија)...

Надворешни врски

уреди