Лошата девојка (филм од 1990)
Лошата девојка (германски: Das schreckliche Mädchen) - германски филм од 1990 година во режија на Михаел Ферхевен, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Лена Штолце, Ханс-Рајнхард Милер, Моника Баумгартнер, Елизабет Бертрам, Роберт Гигенбах, Барбара Галаунер, Удо Томер, Фред Штилкраут и Михаел Гар. Филмот освоил вкупно 11 награди, меѓу кои една награда на БАФТА и „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиСоња (ја игра Штолце) е средношколка која живее во мал провинциски град во Баварија. Таа победува на конкурсот со својто есеј за демократијата во западноевропските земји и добива наградно патување во Париз. Истовремено, таа се вљубува во наставникот Мартин Вегмус (го игра Гигенбах), кој мора да замине во Минхен, но ѝ ветува дека ќе се врати. Следната година, таа повторно учествува на конкурс, но овојпат одлучува да пишува за нејзиниот град во времето на нацизмот. Истражувајќи на таа тема, Соња открива дека речиси сите угледни семејства биле членови на Националсоцијалистичката партија. Токму затоа, сите надлежни органи во градот се обидуваат да ја спречат во работата, но таа не се откажува. Набргу, таа се мажи со Мартин, раѓа две деца и се запишува на универзитетот каде студира историја. Бидејќи не може да добие пристап во градскиот архив, таа го тужи градот и го добива спорот, но и понатаму мора да се служи со итрина за да дојде до потребните информации. Тогаш, целиот град се врти против неа и таа добива непријателски телефонски пораки, во нејзината куќа некој фрла бомба, а најпосле, непознати луѓе ја претепуваат. Меѓутоа, Соња е неуморна и ја објавува својата книга која предизвикува голем интерес во јавноста. Притоа, таа јавно соопштува дека универзитетскитот професор Јувенак (го игра Милер) бил доушник на нацистите. Тој ја тужи Соња, но судењето не се одржува, а Јувенак е избркан од работата. На крајот, градот ѝ укажува чест на Соња и поставува нејзина биста во општинската зграда, но таа го одбива тоа, сфаќајќи го како обид да биде замолчена.