Билка
Билка, трева или тревка — растение кое се користи и цени заради неговите специфични особини како медицински својства, вкус, арома и сл.[1]
Употреба
уредиБилките наоѓаат широка примена во кулинарството, медицината, па дури и во религијата. Во секојдневниот живот, луѓето разликуваат помеѓу кујнски и лековити билки. Во медицината и верата, сите делови на растението можат да се наречат „билни“, меѓу кои листовите, корењата, цветовите, семето, смолата, кореновата кора, внатрешната кора (камбијата), бобинките, а некаде и перикарпот и други делови. Во кулинарството пак, овие најчесто се нарекуваат „тревки“ или понекогаш „мирудии“, иако постои извесен преклоп на терминологија, особено во медицината.
Кујнски тревки
уредиВо кулинарството постои разлика помеѓу „тревка“ (лиснати зелени делови од растението) и зачин, кој се добива од други делови на растението (како од семките, бобинките, кората, корењата, плодовите, а понекогаш и суви листови). Кујнските тревки се разликуваат од зеленчукот по тоа што, како и зачините, тие се додаваат во јадењата во мали количества, и служат за давање на вкус, а не се содржина на самото јадење.
Некои кујнски тревки се грмушки (како рузмаринот, Rosmarinus officinalis), или пак дрва (како ловорот, Laurus nobilis) – ова ги разликува од ботаничките билки, кои по дефиниција не можат да бидат дрвенести растенија.
Лековити билки
уредиРастенијата содржат фитохемикалии кои имаат свое дејство врз телото. Некои билки делуваат и во мали количини, кога се користат при „зачинување“ на храната, додека пак други знаат да бидат токсични во поголеми количини. На пример, некои видови на билни екстракти, како екстрактите од кантарион (Hypericum perforatum) или кава (т.е. опоен пипер, Piper methysticum) се користат за олеснување на депресија и стрес. Меѓутоа во големи количества, овие билки се отровни, и треба да се користат внимателно.
Извесни тревки се користат рекреативно, но и за лекување. Пример за ова е канабисот.
Верски билки
уредиТревките се користат и во религијата – како на пример во христијанството (мирта (Commiphora myrrha), алетрис (Aletris farinosa) и темјан (Boswellia spp)). Во хиндуизмот еден вид на босилек наречен „туласи“ се почитува како божица заради неговата лековита вредност уште од ведски времиња. Многу верници го одгледуваат ова растение во дворот.
Ботанички билки
уредиВо ботаниката, билка или билно растение се нарекува било кое недрвенесто растение, без разлика на неговата арома, вкус и други својства. Така, ботаничката билка не може да биде дрвенесто растение како дрво или грмушка.
Тревата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Лисја трева“ (Leaves of Grass) - поетска збирка на американскиот поет Волт Витман.[2][3]
- „Трева и камење“ - песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1956 година.[4]
- „Ливада со трева“ (An Acre of Grass) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[5]
- „Уште расте тревата“ - драма на американскиот писател Артур Милер.[6]
- „Појадок на трева“ (Doručak na travi)- песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[7]
- „Трева“ (Grass) - песна на англиската рок-група XTC од 1986 година.[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Dictionary.com“. Посетено на 2007-12-19.
- ↑ Volt Vitmen, Vlati trave, Beograd: Rad, 1969.
- ↑ Volt Vitman, Izabrana poezija, Beograd: Plato books, 2008.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 263-265.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 165.
- ↑ Нада Момировска, „Поговор“, во: Артур Милер, Сите мои синови. Скопје: Наша книга, 1983, стр. 85.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 35.
- ↑ YouTube, XTC - Grass (Music Video) (HQ Audio) (пристапено на 23.9.2017)
„Билка“ на Ризницата ? |