Црква „Вознесение Христово“ - Липец
„Св.Вознесение Христово“ — верски храм кој се наоѓа во селото Липец, Општина Виница.
Св.Вознесение Христово
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Парохија | Блатечка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Липец |
Општина | Виница |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1839 |
Осветување | непознато |
Живопис | 1887 |
Зограф | непознат |
Водство | свештеник Орце Пешов |
Архитектонски опис | |
Површина | 140 м² |
Историја
уредиИзградена е во 1839 година и е една од постарите во Виничко. Од сочуваните документи и од натписот сочуван од жителите, се потврдува годината на изградбата на црквата Свети Спас. Сместена е на северната страна од селото, на височинка од 750 метри, оддалечена 500 метри од селото. Црквата претставува трикорабна градба со рамен таван, градена од речен камен и малтер. Од надворешната страна не е малтерисана и се познаваат камењата и малтерот.[1][2]
Живопис
уредиЗа разлика од други цркви од тој период, црквата е живописна со невообичаена сликарија, цртани се елементи со цвеќиња во вазни и други флорални елементи, меѓу кои се среќаваат и некои насликани ангели. Горниот дел на иконостасот е направен во резба. На него се наоѓаат 33 икони, меѓу кои и Животоносниот леб, работена од непознат зограф во 1887 г. На левата врата од иконостасот се наоѓа голема икона на Свети Архангел Михаил, на која е запишана годината на изработката од 1918г. со потпис на зограф со иницијалот Г. Не е познато кога и од кого е осветена.[1][2]
Поврзано
уредиЦрквата има и скромна библиотека во која се сочувани десетина книги со постар ненапишан датум, меѓу нив се: “Минеј’’ за 11-ти месеци, друг “Минеј’’, и “Октоих’’ или “Осмогласник’’, во кој на третата страница пишува, 1888 16 Јули, месецот и датумот кога се одржала некоја значајна црковна прослава.[1]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Музеј Теракота Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2013-02-24.
- ↑ 2,0 2,1 „Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2013-02-28. Посетено на 2013-02-24.