Источна Вестфалија-Липе
Источна Вестфалија-Липе (герм. Ostwestfalen-Lippe, скрат. OWL) — регион во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Регионот има 2,07 милиони жители и се одликува со стара култура и 2.000-годишна историја. Составен е од источниот дел на областа Вестфалија и областа Липе. По површина се совпаѓа со административниот округ Детмолд.
Најпознатото обележје е Арминовиот споменик (Hermannsdenkmal), подигнат во чест на војсководецот Армин, кој ги поразил Римјаните во битка во Тевтобуршка шума и со тоа го запрел нивниот натамошен продор во Германија.
Најпозната современа личност од Источна Вестфалија-Липе е поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер (р. 1944 во Мосенберг).
Позначајни градови во регионот се Билефелд и Падерборн. Еве ги покрупните места со нивното население:
Надворешни врски
уреди„Источна Вестфалија-Липе“ на Ризницата ? |
- Портал на регионот (германски)
Галерија
уреди-
Стариот плоштад во Билефелд
-
Катедралата во Падерборн
-
Кнежевскиот дворец во Детмолд
-
Народна архитектура од регионот