Лилјана Затуроска
Лилјана Затуроска (6 септември 1964, Битола) — македонска политичарка и архитектка, тековен Национален координатор за локална самоуправа во Влада на Македонија[1]. По професија е дипломиран инженер архитект, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Лилјана Затуроска | |
---|---|
Национален координатор за локална самоуправа во Влада на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 1 септември 2024 | |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
На должноста 21 јуни 2008 – 1 септември 2020 | |
Премиер | Никола Груевски Зоран Заев |
Лични податоци | |
Роден(а) | Лилјана Димитар Таневска 6 септември 1964 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонка |
Народност | Македонка |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ дипломиран инженер архитект |
Занимање | Политичар |
Професија | Архитект |
Познат(а) по | Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во 2008 година е избрана за пратеник на ВМРО - ДПМНЕ од Струга, повторно во 2011, 2014 и 2016 година.
Животопис
уредиЛилјана Затуроска е истакната Македонска политичарка и дипломиран инженер архитект. Таа е родена на 6 септември 1964 година.
Затуроска завршува високо образование на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран инженер архитект. Затуроска е член на ВМРО - ДПМНЕ.
Во 2008 година е избрана за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, повторно во 2011, 2014 и 2016 година. Член и заменик на повеќе парламентарни комисии, од 2016-2020 била претседател на Комисија за транспорт врски и екологија при Собрание на Република Македонија.
Член и заменик на повеќе парламентарни комисии, од 2016-2020 претседател на комисија за транспорт врски и екологија при Собранието на Република Македонија.
Затуроска е член на ВМРО - ДПМНЕ. Во партијата извршува повеќе функции во текот на годините од кои најзначајната како Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ. На седница на ИК на ВМРО - ДПМНЕ во февруари 2016 година е избрана за Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО - ДПМНЕ и на повторен реизбор од ноември 2018 година ја извршува таа функција до ноември 2020.
Член на Централен Комитет на ВМРО - ДПМНЕ од 2012 година до денес. Член е на Извршен Комитет на Унија на Жени на ВМРО - ДПМНЕ од 2010 година. Организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ4 од ноември 2020. Во партијата извршува бројни функции меѓу кои и Технички секретар на ОК Струга. Член на ОК Струга од 2005 година до сега. Учесник во изборни циклуси на разни позиции од 2006 година. Координатор за терен во изборните циклуси - 2006, 2009, 2011, 2013, 2014, и член на РИШ 2009, 2011, 2016, 2020, како и Претседател на ОИШ Струга во 2008 година.
Потсекретар на генералниот секретар на партијата за ИЕ-5 од 2009-2011. Член на локални комисии за екологија, транспорт. Претседател на дисциплинската комисија при ОК-Струга (2007-2008г.). Член на централната комисија за транспорт и врски од 2010 и нејзин потпретседател во 2014 година. Член на централната кадрова комисија 2011-2013 година. Член на комисијата за животна средина и просторно планирање - 2010-2012. Претседател на Комисија на Унија на жени за транспорт и врски 2016-2018. Имала бројни активности во партијата и е член на повеќе партиски комисии како и делегат на четири партиски конгреси (Битола, Куманово, Валандово и Скопје (2021)) и гостин на конгресот во Штип.
- ↑ „Влада на Република Северна Македонија“. vlada.mk. Посетено на 2024-09-03.