Лилјана Белева
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Лилјана Белева (22 март 1940, Заечар - 27 јануари 1995, Скопје) — македонски писател - раскажувач, романсиер и писател за деца.
Животопис
уредиЗавршила филолошки факултет, група англиски јазик во Скопје. Работела како новинар во Македонското радио. Член на ДПМ од 1983 година.
Дела
уреди- Моето парче земја (раскази, 1980)
- Калина, Капушко и Маѓосниот шеј (роман за деца, 1982)
- Лимузина за млечниот пат (раскази, 1984)
- Жолтата амфора (роман, 1989)
- Нашите коски (роман, 1993)
- Орловото седело (раскази за деца, 1996) - издадено посмртно
- Перниче од ружи (роман, 1996) - издадено посмртно